Македонија
Триесет починати и 947 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 530, Куманово – 30, Дебар – 3, Штип – 15, Прилеп – 38, Тетово – 54, Струга – 18, Велес – 22, Битола – 43, Охрид – 43, Кавадарци – 8, Гостивар – 25, Гевгелија – 3, Струмица – 23, Крива Паланка – 4, Радовиш – 7, Крушево – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 8, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 5, Пехчево – 1, Берово – 2, Валандово – 2, Виница – 1, Делчево – 5, Кратово – 4, Свети Николе – 8, Кичево – 25, Ресен – 8, Неготино – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје – 301, Куманово – 45, Штип – 13, Прилеп – 34, Тетово – 51, Струга – 4, Велес – 29, Битола – 16, Охрид – 24, Кавадарци – 23, Гостивар – 20, Гевгелија – 13, Струмица – 40, Крива Паланка – 8, Радовиш – 8, Крушево – 1, Кочани – 13, Пробиштип – 8, Македонски Брод – 1, Берово – 4, Валандово – 2, Виница – 4, Кратово – 5, Свети Николе – 5, Кичево – 11, Ресен – 7, Неготино – 1.
Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68 г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78 г), еден пациент од Штип (67 г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72 г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58 г), еден пациент од Битола (78 г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70 г), еден од Гостивар (67 г), двајца од Радовиш (71 и 68 г) и еден пациент од Кочани (52 г).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41.222, бројката на оздравени пациенти е 24.920, на починати е 1.186, а бројот на активни случаи изнесува 15.116. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 18060, активни 7037
• Куманово 2730, активни 660
• Дебар 386, активни 75
• Штип 1979, активни 419
• Прилеп 1852, активни 762
• Тетово 2837, активни 926
• Струга 958, активни 193
• Велес 1211, активни 672
• Битола 1097, активни 544
• Охрид 1002, активни 410
• Кавадарци 752, активни 339
• Гостивар 1528, активни 430
• Гевгелија 495, активни 199 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1244, активни 625
• Крива Паланка 297, активни 92
• Радовиш 316, активни 118
• Крушево 49, активни 24
• Кочани 905, активни 278
• Пробиштип 271, активни 96
• Демир Хисар 117, активни 45
• Македонски Брод 119, активни 17
• Пехчево 64, активни 5
• Берово 258, активни 73
• Валандово 122, активни 35
• Виница 239, активни 116
• Делчево 327, активни 170 (86 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 101, активни 61
• Свети Николе 561, активни 125
• Кичево 784, активни 311
• Ресен 300, активни 93
• Неготино 261, активни 166 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3042 теста се преку: ИЈЗ-613, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-378, Биотек-378, МАНУ -304, Жан Митрев (Филип Втори) -304, Систина со PCR метода -436, лабораторија Лаор –77, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-11, ГАК-0, Синлаб-75, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -221, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 424
• Гази Баба – 964
• Аеродром -1097
• Карпош – 945
• Центар – 918
• Кисела Вода – 860
• Ѓорче Петров – 567
• Бутел – 380
• Шуто Оризари – 111
• Студеничани – 32
• Сарај – 73
• Арачиново -19
• Илинден – 167
• Сопиште – 56
• Чучер Сандево – 58
• Петровец –65
• Зелениково -39
• Странец – 112
• Нераспределен- 150
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

