Контакт

Бизарно

Сатанистичката статуа на Бафомет поставена во Детроит

Објавено пред

 Веста дека во сабота вечер, во Детроит, САД, беше поставена сатанистичка статуа на Бафомет, паганско божество, кое се поврзува со многу окултни групи, го обиколи светот, а американски Time, прашува до каде одат религиските слободи.

dobivaj vesti na viber

Половина час пред полноќ, во саботата, околу 700 луѓе се собраа во стар индустриски магацин во Детроит на нешто што беше најавено како `најголема сатанистичка церемонија во историјата`.Поголемиот број од насобраните себеси се сметаат за сатанисти, припадници на култ кој се дефинира како `религиска групација`. Другите дошле од радозналост.Поводот за собирот беше откривање на голема бронзена статуа на Бафомет, митсски створ со тело на човек, а глава на јарец, со козји копита, кој низ вековите стана тотем на современиот сатанизам.Статуата е импресивна, висока околу три метри, тешка еден тон. Рогатиот и крилатиот идол седи на трон, а од двете страни покрај него стојат момче и девојче кои го гледаат со радозналост.„Бафомет го симболизира спојувањето на непомирливите принципи, подготвеноста да се прифатат, па дури и да се слават разликите“, вели организаторката на настанот, Џекс Блекомор, која од безбедносни причини постојано се користи со псевдоним.Во некоја смисла, статуата е тест за оптовареноста на американскиот плурализам, и предизвикува да се отвори прашањето до која мерка одат религиските слободи.Блекмор управува со детроитското одделение на Сатанистичкиот храм, една од подобро поврзаните сатанистички групи, кои инаку се неповрзани, како организационо така и догматски.Сатанистичкиот храм има одделенија во Финска, Флорида, Италија и Минеаполис, а седиштето им е во Њујорк, но одделението во ЗДетроит е прво и најголемо.Блекмор, пораснала во Детроит, и по школувањето на Харвард каде слушала предавања за сатанизмот се вратила во родниот град да работи во Сатанистичкиот храм.Прашана дали нејзината група е религиска или антирелигиска, таа вели дека не се работи за црква туку за збир на истомисленици околу нешто што се нарекува сатанистички принципи.Според сајтот, сатанистичките принципи се однесуваат на следното: „Сатанистичкиот храм се држи до основните премиси дека страданието е лошо и се што го намалува страдањето е добро. Ние не веруваме во симболичко `зло`“.Поважно е дека групата не ја промовира вербата во Сатаната лично. Според нивната логика, Сатаната е апстракција, литерарна форма, а не божество. Тој е симбол на рационалноста, скептицисмот, слободата на говор, дури и на голема лична цена“.„Го одбравме Бафомет заради неговата современа поврзаност со фигурата на Сатаната и сметаме дека неговиот симболизам е прикладен, доколку се изложи до кој било споменик кој претставува друга вера“, вели Блекмор.Споменикот на кој мисли е два метри висока структура со вгравирани 10 божји заповеди во Оклахома, подигната на државно земјиште.Претставникот на Оклахома, Мајк Риц во 2012 година даде 10.000 долари од својот џеб за да биде подигната статуата пред зградата на собранието, што според многумина е наружување на одвоеноста на црквата од државата.Сатанистичкиот храм жестоко ја критикуаше одлуката, па велеа ако можат христијаните, зошто не можеме ние?Меѓутоа, државата не се сложи и ја одби петицијата на Сатанистичкиот храм за Бафомет да биде поставен до таа статуа на 10 заповеди. Од друга страна Врховниот суд на Оклахома одлучи дека споменикот на 10 заповеди е противуставен.Гувернерот на Арканзас планира да постави статуа на 10 заповеди на државно земјипте во Литл Рок, што дополнително би ги искомплицирло религиските работи во САД./крај/мф/бб

Извор: Local

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет28 минути

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 час

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет1 час

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа1 час

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа2 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ11 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија16 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија18 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија21 час

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...