Црна хроника
Двојно убиство и самоубиство во Албанија

Албански државјанин ја застрелал сопругата, како и нејзиниот татко, по што се самоубил.
Трагедијата се случила во близина на градот Драч, кога албанскиот државјанин Дритан Петова ( 41 година) по убиството на својот дедо Исмет Лека ( 76 години ) и неговата сопруга Зара Петова ( 35 год), се искачил на еден столб на далновод и по три и пол часа искачен на столбот, се самоубил.
Полицијата повеќе од три часа се обидувала да го убеди да се предаде, но по еден телефонски разговор што имал убиецот на својот мобилен телефон, пукал во себе од пиштолот што го имал со себе.
Како причина за овој чин се наведува тоа што жената сакала да се разведе од убиецот. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.