Топ
(Видео) Приведени татко и син во Кичевско, во домот криеле арсенал оружје
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, ОВР Кичево и ОВР Гостивар приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина оружје.
Врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом, од судија на претходна постапка од Основниот суд Кичево се извршени претреси во домот и помошните простории на синот и таткото – Х. И. (27) и А. И. (52) во с. Србица.
При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција, два митралеза – од кои еден митралез „М 53“, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постамент – цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3.500 куршуми, 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети. Мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на Јавното обвинителство, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот во вториот круг од локалните избори, според ДИК
Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија.
Според комисијата, излезноста за Град Скопје до 15 часот изнесува 29,94%.
Најголема излезност е забележана во Општина Карпош со 32, 40% и Општина Центар со 31,65%, најмала излезност за градот Скопје има во Општина Сарај 6% и во Чаир со 8,83%.
„Споредено со излезноста во првиот круг и пресекот направен тогаш во 15 часот, излезноста изнесувала 31,16% за градот Скопје.
Во однос на излезноста за градоначалници на општините според пресекот во 15 часот, процентот на избирачи кои гласале во избирачките места од кои се пристигнати податоци до ДИК изнесува 30,26%. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците изнесува 93,59%“.
Гласањето како што соопштија од комисијата се одвива непречено и во најдобар ред.
„Се што беше доставено како приговори за избирачко право се решава и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас“. Засега велат од таму не се пријавени никакви инциденти.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски кој почина во затворот во Штип
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






