Црна хроника
Пожар во Ресен уништи покрив од куќа, трактор и 700 гајби со јаболка
Голема штета предизвика пожар што се случи вчера на улицата Мите Трајчевски во Ресен.
Пожарот избувнал во магацин за складирање јаболка, при што биле зафатени и покривната конструкција и куќа во сопственост на И. М. и Ж. М., двајцата од Ресен.
Според информациите, опожарен е трактор, дрвена конструкција од натстрешник, дел од покрив и 700 гајби со јаболка.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Ресен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница
Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од полицијата велат дека се работи за физичка пресметка меѓу две групи на затвореници, а едно лице е тешко повредено.
„Осуденикот Х.Ф.(29) од Студеничани, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Насилство во затворот имаше и пред два дена, кога осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
Црна хроника
Син го нападнал својот татко во Карпош
Педесет и петгодишен маж бил нападнат од својот син во домот на подрачјето на Карпош.
Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден.
Се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Maж најден починат во напуштен објект во центарот на Скопје
Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.
Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.