Македонија
Од коронавирус заболени 18 деца и 120 вработени во градинките
Во градинките во државата има регистрирани 18 деца позитивни на коронавирус и 120 вработени, од кои 51 негувател, 51 воспитувач, а другите се вработени како помошен персонал во детските установи, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, повикувајќи се на неделниот извештај од здравствените власти.
Министерката рече дека состојбата будно се следи во градинките и повика на почитување на протоколите затоа што, според неа, заразата не се шири меѓу децата, туку доаѓа од надвор.
„Ја следиме епидемилошката состојба во градинките со новозаболени дечиња и вработени и ова се бројките што ги добивме од последниот извештај во петокот. За сега имаме над 1.200 деца што се во изолација како превентивна мерка поради контакт со заболено лице. Сепак, ќе кажам дека инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата. Тоа го докажуваат здравствените власти врз основа на извештаите. Инфекцијата во градинките доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни, кои се вработени во градинките“, рече Шахпаска на денешната прес-конфернеција.
Градинките почнаа со работа на 9 септември со строги здравствени протокли. На вработените и на децата им се мери температурата при влезот во установата, а вработените се должни во текот на целиот работен ден да носат маски. Дезинфекција на масите, столовите, кваките се врши на секои два часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

