Црна хроника
„Илинден“ потонал за четири минути
Бродот „Илинден“ потонал за само четири минути, од 10:33 до 10:37 минути. Во моментот на несреќат на него биле 74 патници иако тој бил регистриран за превоз на максимум 45 лица
Повеќето од патниците биле бугарски туристи, но имало и други странски државјани, како и македонски граѓани.Според првите изјави на преживеаните од несреќата, кои се сместени во хотелот метропол, „Илинден“ заедно со уште два брода на меѓусебна одалеченост од стотина метри пловел на редовна линија од Охрид кон Свети Наум. Во еден момент слушнале како нешто пукнало во задниот дел на бродот, по што тој веднаш потонал.Официјално е потврдено дека досега се извлечени телата на 15 загинати патници, а пет меѓу кои и капетанот на „Илинден“ се хоспитализирани во одделот за реанимација на охридската болница. Очевидци тврдат дека бродот потонал за многу картко време, а први помош на патниците им пружиле бродовите „Александрија“ и „Кристина“ кои биле во близина и чија брза интервенција спречила уште поголема трагедија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

