Црна хроника
Случајот „Ореше“ по вторпат во Основниот суд Велес
Обвинетите тврдат дека се невини, дека некој од полицијата им подместува, тврди Ордан Ѓоргиевски
од Дијана Иванова, Велес
Вчера во Основниот суд Велес започна повторното судење на браќата Ордан и Љупчо Ѓеоргиевски за убиството на 74 годишниот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше, за кое добија по 12 години затвор, откако скопска Апелација ја укина пресудата и побара судењето да се води од почеток.Главниот претрес почна со испитување на обвинетите браќа и Александар Милошевски, син на убиениот Лазо. Обвинетиот Љупчо изјави дека нема што друго да додаде од она што го кажал пред истражниот судија и на главниот претрес на првото судење. Неговиот брат Ордан откако рече дека се согласува со сето она што досега го кажал додаде:„Не ми е јасно што е она што се води против нас. Осумнаесет сведоци велат дека не сме виновни а овој случај никако да заврши. Ова за мене е монтиран процес од страна на МВР. Не ми е јасно како може платен убиец за што сум јас обвинет, да биде вработен во МВР. И како може човек со големо криминално досие да биде заштитен сведок. Синот на убиениот, на нашиот татко, веднаш по закопот му рекол дека знае кој е убиецот и дека тој бил присутен на погребот“. Тој побара на следното рочиште да биде повикан инспекторот од СВР Велес што го водел овој случај за лично да се соочат како за случајот така и задруги криминални работи. Синот на убиениот рече дека не знае кој е убиецот на неговиот татко. Побара од судот на следното рочиште да донесе материјални докази за штетата што ја имал од првообвинетиот Ѓоре Петровски уште од 1994 година и дека нема никаков доказ за врската меѓу обвинетите Ордан И Љупчо со Петровски кој се наоѓа во САД. И обвинителот и одбраната се согласија да се изврши психолошко-психијатриско вештачење на обвинетите и на заштитниот сведок Бреза, по барање на Апелациониот суд од Скопје. Судот од Министерството за правда побара да биде информиран до каде е постапката за екстрадиција на Ѓоре Петровски од САД. Бранителите побараа притворот на обвинетите да биде заменет со домашен притвор. Судијата Илија Танев побара овој предлог писмено да биде доставен, по што судот ќе се произнесе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.
Црна хроника
Две жени тешко повредени додека се движеле пеш во одделни сообраќајни несреќи во Скопје
Во два одделни сообраќајни инциденти што се случиле вчера во Скопје и околината, две жени пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на лекување.
Првата несреќа била пријавена во раните утрински часови. Околу 06:50 часот, во селото Петровец, во општина Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.К. од Петровец, удрило во 61-годишната Ј.Ц. од Скопје. Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Неколку часа подоцна, околу 12:00 часот, уште една жена била тешко повредена во сообраќајна несреќа во Скопје. На крстосницата меѓу улиците „Московска“ и „Женевска“, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот В.Т. од Скопје, удрило во 74-годишната Љ.В., исто така од Скопје. И во овој случај, повредите биле оценети како тешки и биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсени крадци од Куманово и кумановско, следуваат соодветни пријави
Ноќеска во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 30-годишниот А.С. од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.
Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 32-годишниот У.З. од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.

