Македонија
Милошоски: 29 фирми блиски до Заеви профитирале со речиси 13 милиони евра од неплаќање кредити кон Еуростандард
На денешната расправа на седницата на Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонио Милошоски, кој на гувернерката Бежовска ѝ посочи дека 29 фирми, кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата „Сара инженеринг“, фирма на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.
„Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите што се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради неплаќањето на кредитите на штета на штедачите што имале средства во Еуростандард банка“, рече Милошоски.
Тој ѝ посочи на Бежовска дека таа требало да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22 мај, кога е воведен дневен надзор над банката.
Милошоски уште еднаш ја запраша гувернерката зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите и исто така дали за овие работи била информирана, а не реагирала?!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

