Македонија
Владина делегација предводена од Заев им оддаде почит на ослободителите на Скопје
По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на настанот организиран од градските власти, денеска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Во придружба беа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.
„Во чест на борците, кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на ослободителите во дворот на Владата“, информираат од владината прес-служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.