Спорт
ЛН: Белгијците ги „нокаутираа“ Англичаните, Италија на чекор од првото место
Белгија за 24 минути ги „суреди“ Англичаните, стигнувајќи до 2:0 победа со која „трите лава“ веќе немаат шанси да се пласираат на фајнал фор турнирот во Лигата на нации. Италија ја заддржа шансата за првото место по 2:0 победата над Полска, додека во Лига Ц, Грција и Словенија поставија директна пресметка за влез во Лига Б.
Во Левен, Белгијците дојдоа во водство уште во 10-тата минута со ударот од далечина на Јан Тилеманс, пред во 24. минута, Дрис Мертенс, фудбалерот на Наполи, кој е роден во градот, постигна фантастичен гол од слободен удар за 2:0 водство.
Со победата, Белгијците се одвоија на првото место на табелата во групата А со 12 поени, а победата со два пенали на Данска од 2:1 над Исланд, значи дека Белгија и Данска ќе играат за првото место, додека Англичаните ги загубија шансите за пласман на фајнал фор турнирот.
На „Мапеи“, Италија стигна до 2:0 победа на Полска за враќање на првото место на табелата во групата 1, за сега да им треба победа на гости кај Босна и Херцеговина за фајнал фор. Жоргињо ги донесе „аѕурите“ во водство во 27. минута од пенал, пред Доменико Берарди во 84. минута да ја потврди победата.
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 1
Италија – Полска 2:0
Табела: 1.Италија 9, 2.Холандија 8, 3.Полска 7, 4.БиХ 2
ЛИГА А, ГРУПА 2
Белгија – Англија 2:0
Данска – Исланд 2:1
Табела: 1.Белгија 12, 2.Данска 10, 3.Англија 7, 4.Исланд 0
ЛИГА Б, ГРУПА 1
Австрија – Северна Ирска 2:1
Романија – Норвешка одложено
Табела: 1.Австрија 12, 2.Норвешка 9, 3.Романија 4, 4.С.Ирска 2
ЛИГА Б, ГРУПА 2
Чешка – Израел 1:0
Табела: 1.Шкотска 10, 2.Чешка 9, 3.Израел 5, 4.Словачка 4
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Унгарија – Србија 1:1
Табела: 1.Русија 8, 2.Унгарија 8, 3.Турција 6, 4.Србија 3
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Молдавија – Грција 0:2
Словенија – Косово 2:1
Табела: 1.Словенија 13, 2.Грција 11, 3.Косово 2, 4.Молдавија 1
БЕЛГИЈА – АНГЛИЈА
ИТАЛИЈА – ПОЛСКА
ДАНСКА – ИСЛАНД
УНГАРИЈА – СРБИЈА
АВСТРИЈА – С.ИРСКА
МОЛДАВИЈА – ГРЦИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

