Македонија
(Видео) Заев – Борјанс: Силна и недвосмислена поддршка за европските интеграции на Северна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Берлин се сретна со лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Норберт Волтер Борјанс.
На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, како справувањето со пандемијата од Ковид 19, процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, како и за соработката меѓу Сојузна Република Германија и Северна Македонија.
Претседателот Заев се заблагодари за континуираната силна и безусловна поддршка на Германија кон Северна Македонија во делот на евроинтеграциите и изрази уверување дека таа ќе продолжи, а истовремено ќе се продлабочува и успешната соработка помеѓу СДСМ и СПД.
„Република Северна Македонија е горда што има сојузник и голем поддржувач во Германија, а СДСМ е горда што има партнер и пријател во СПД. Таквите успешни соработки треба да продолжат уште позасилено, особено во овој период кога коронавирусот се уште е најголемата глобална закана. Ковид кризата не научи дека солидарноста и соработката се важни на сите нивоа. Тоа се и социјалдемократски вредности кои треба да ги зајакнеме и промовираме и на други полиња“, порача претседателот Заев.
Лидерот на СПД, Борјанс, ја реафирмираше заложбата на Германија за забрзување на интегративниот процес на Северна Македонија кон ЕУ, а средбата ја искористи и да упати честитки до претседателот Заев за добиената награда за човекови права која му ја додели Фондацијата „Фридрих Еберт“.
„ Честитки за наградата, вие сте важна личност за борбата за човекови права и европската идеа“, порача Борјанс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.