Црна хроника
Приведен скопски дилер на дрога кој имал над килограм марихуана

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при скопската полиција вчера вечерта извршила претрес во дом и други простории кај Ф.Д. (37) од Скопје.
Како што информираат од МВР, при претресот кај лицето пронајден бил над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари.
Скопјанецот е приведен за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Косовски државјанин приведен на Блаце: бил со италијански фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.
Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, соопшти обвинителството.
Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.