Спорт
ПСЖ се намачи, но победи кај Порто, Флензбург едвај со реми со Мешков
Пред утрешното враќање на Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите против фаворитот Кјелце, денеска се одиграа два меча од групата А, во кои Пари-Сен Жермен со камбек успеа да стигне до 31:34 победа на гости кај Порто, а Флензбург во последните секунди избегна пораз и одигра 29:29 со Мешков Брест пропуштајќи шанса да се искачи на првото место.
ПСЖ имаше кошмарно прво полувреме против Порто, во кое губеше со 16:12 пред Микел Хансен да го инспирира тимот до само втората победа во ЛШ оваа сезона. Данецот го заврши мечот со 9 гола, Лука Карабатиќ додаде 6, а за Порто, Бранкињо и за Силва да Борхес имаа по 4 гола.
Мешков, пак, продолжи да изненадува со одличните игри оваа сезона кога му зададе многу главоболки на фаворитот Флензбург, кој на крајот мораше да спасува 29:29 реми. Флензбург ја имаше контролата на мечот во поголемиот дел, но на крајот Франц Семпер мораше со гол во последните секунди да обезбеди 29:29 реми. Горан Согард Јохансен и Мариус Штајнхаузер имаа по седум гола за бундеслигашот, Семпер додаде шест, ка Марко Паниќ со седум гола беше најдобар за Мешков.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА А
Флензбург – Мешков Брест 29:29 (13:11)
Порто – Пари-Сен Жермен 31:34 (16:12)
Табела: 1. Кјелце 9, 2. Флензбург 9, 3. Мешков 7, 4. Порто 6, 5. ПСЖ 4, 6. ВАРДАР 3, 7. Елверум 2, 8. Сегед 0.
ГРУПА Б
Алборг – Веспрем 27:33 (18.16 ч)
ППД Загреб – Мотор Запорожје (20.15 ч)
Табела: 1. Веспрем 11, 2. Барселона 10, 3. Алборг 8, 4. Кил 7, 5. Нант 2, 6. Мотор 2, 7. Целје 2, 8. Загреб 0
In group B’s top clash today, Aalborg have enjoyed a strong start against unbeaten @telekomveszprem, leading by 4 right now on https://t.co/IXYHSdERe0!#ehfcl pic.twitter.com/3kdBExbGF7
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2020
Get that outta here!
Alfredo Quintana with the massive fast break denial ⛔️ and there is plenty more where that came from so far as @FCPorto lead PSG. #ehfcl pic.twitter.com/JdnIUQV8py
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2020
All the classic signs of Petar Nenadic in action:
▶️ So chilled he almosts loses the ball
▶️ Floats into a shooting position
▶️ Literally shoots through the keeper ⚠️He is up to six goals and @telekomveszprem have turned the game around in Aalborg! pic.twitter.com/yADaTxJRvk
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2020
It’s the old one-two for Dylan Nahi with a nice spin finish and a 2-minute suspension to boot!@psghand turning on the style in the second half as they search for their second #ehfcl win of the season… pic.twitter.com/4BRp5fpdNU
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флорентино Перез: Винисиус ти си најдобриот играч во светот
Во Реал Мадрид се уште не можат да се помират со фактот дека Винисиус Жуниор не ја освои Златната топка.Првиот човек на клубот, Флорентино Перез во својот говор на Генералното собрание на Реал, говореше и на оваа тема.
На неодамнешното доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, лауреат стана фудбалерот на Манчестер сити Родри. Фактото дека Винисисус не ја доби Златната топка не му се допадна на Реал Мадрид. Перез и забрани на делгацијата да отпатува во Париз.
Потоа стигнаа пораките за поддршка на Винисиус од клубот, соиграчи од Реал, а сега стигна јавно дојде и поддршката од претседателот на Реал.
„Винисиус, ти си најдобриот играч на светот. Сакам да знаеш дека навивачите на Реал Мадрид се горди на тебе, за се што требаше да издржиш во нефер времиња и моменти, а сето тоа те направи играчот што си денес“, рече Перез.
Пораката на претседателот на Реал повторно одекна и донесе разни коментари, но дефинитивно е дека тој повторно успеа во намерата, да го сврти вниманието кон Реал Мадрид и Винисиус.
Спорт
Терие во аут до крајот на годината
Напаѓачот на Баер Леверкузен, Мартен Тиери ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради скршеница на раката.
Французинот се повреди вчера во убедливиот триумф над Хајденхајм (5:2) во натпреварот од 11. коло на Бундеслигата.
Само неколку минути по влегувањето на теренот, Тиери се здоби со фрактура на раката. .
„Операција не е неопходна и Тиери треба да му биде на располагање на освојувачот на на германската „двојна круна“ на почетокот на новата година“, објави клубот.
Тиери по четири години во Рен летово потпиша за Баер, со клубот потпиша петгодишен договор.
Бранителот на титулата не блеска во германскиот шампионат, а Чаби Алонсо поради повреди не може да смета на уште двајца напаѓачи, Виктор Бонифејс и на Амин Адли.
Спорт
Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа
Фото/ facebook.com/fcsileks
Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тикве, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај АП Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт.
По некомплетното 15.коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може да им се приклучи и Шкендија доколку слави во Битола кај Пелистер.
Пред новите газди и на прославата на 35.годишнината од формирањето на навивачката група, Шкупи не успеа да го избегне поразот од Силекс. Екипата од Кратово победи со головите на Додев во седмата и 44.минута.
Во исто време Гостивар дури во финишот успеа да го скрѓи отпорот на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол беше Машике во 84.минута.
Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа, во која четири пати ремизираше и запиша еден пораз. „Романтичарите“ имаа минус од еден гол против Беса (стрелец Ракип во 22. минута), н0 во продолжение возвратија со четири гола. Содик во 27.минута изедначи, а потоа во интервал од 60 до 76.минута најпрвин погоди Гандо, а потоа со два гола Регба го постави конечниот резултат 4:1.
Брера и Струга во Струмица постигнаа по еден гол и освоија по еден гол. Интересно во 60 секунди беа постигнати головите, Тодоровски погоди за Брера во 59., а веќе во следната минута возврати Укпа.
Табела: