Македонија
Долготрајна стратегија за подигнување на свеста за грижата на машкото здравје
Разговорот за машкото здравје често се занемарува во дискусиите за јавно здравје. Сепак, негрижата за здравјето на мажите може да им предизвика значителна болка и страв при првата посета во медицинска установа. Занемарувањето на здравјето на мажите не само што е неефикасно туку и носи намалување на квалитетот на животот, предизвикува страдања, па доведува и до предвремени смртни случаи. Најновите истражувања на фондацијата за рак на простата (www.pcf.org) велат дека кај едно од девет лица ќе биде дијагностицирано рак на простата.
Очекуваниот животен век на мажите е околу 6 години покус од оној на жените. Покрај тоа, мажите почесто ги одложуваат рутинските прегледи при редовни и/или при хронични состојби. За среќа, многу здравствени состојби и болести со кои се соочуваат мажите може да се спречат или да се третираат ̶ доколку рано се откријат. Со цел подобро да се грижат за своето здравје, важно е мажите да ги знаат факторите на ризик, но и како можат да го подобрат своето целокупно здравје.
Раната фаза на рак на простата обично не предизвикува симптоми. Кога карциномот ќе се прошири, се доаѓа до состојба на активен надзор, до операција ̶ за отстранување на простатата или до зрачење. Ако расте или, пак, се шири ракот на простатата, може да се развијат симптоми, како што се проблемите со урината (како крв во урина) и болки во коските.
„За да им помогнеме на мажите да добијат пристап до навремена, достапна и соодветна здравствена заштита, треба да развиеме краткорочни и долгорочни стратегии. Како дел од нашата стратегија, која ја развиваме во Халк Осигурување АД Скопје со своето Доброволно приватно здравствено осигурување, е креирањето на индивидуални покритија. Овие покритија поттикнуваат редовни здравствени контроли, но овозможуваат и дополнително покритие на целокупниот процес на лекување на ракот на простата: детекција и дијагностицирање, односно сите потребни дијагностички постапки, второ мислење, хируршка интервенција, како и хемотерапија. Покрај горенаведените сегменти со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје во своето покритие има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување кое, на некој начин, би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат. Халк Осигурување АД Скопје соработува со голем број медицински установи, а сè со цел да им обезбеди на своите осигуреници најдобра и најбрза услуга. Ваш е изборот каде ќе го извршите лекувањето и третманот“ ̶ изјави м-р Димитар Тренчев, Директор на Дирекција за маркетинг на директни канали на продажба и банкоосигурување на Халк Осигурување АД Скопје.

„Со секоја полиса сакаме да го ’вратиме’ разговорот за машкото здравје и затоа настојуваме да ги обезбедиме и овие сегменти на секое покритие. Сигурноста која секој наш клиент ја добива по обезбедувањето на дополнителното здравствено покритие е цел кон која Халк Осигурување Ад Скопје тежнее и работи“ ̶ дополни м-р Димитар Тренчев.
Нашата порака е:
Не одложувајте! И пред да се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар.
Повеќе за Доброволното приватното здравствено осигурување можете да прочитате на веб-страницата на Халк Осигурување www.halkinsurance.com.mk, на е-поштата со адреса [email protected] или на телефонскиот број (02) 155 66 или +389 (0) 2 3122 385
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.
Македонија
Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина.
Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и усогласувањето со европското право.

Според Сиљановска-Давкова заштитата на животната средина треба да биде клучен приоритет, а соработката меѓу институциите, граѓанските организации и стручната јавност е од суштинско значење за креирање одржливи и ефикасни политики. Таа укажа дека вклученоста на овие организации во креирањето на законските решенија треба да биде институционализирана, преку нивно учество во комисиските тела во Собранието и во Владата.
Именувањето на експертот од областа на метеорологијата и климатските промени, проф. д-р Спиридонов, за член на Советот за безбедност, е важен чекор кон интегрирање на научната експертиза во стратешкото одлучување. Ова, според претседателката, би им овозможило на невладините еколошки организации, со своите идеи и предлози да придонесат во работата на ова тело.
Соговорниците се согласија дека загрозувањето на животната средина е сериозен безбедносен ризик и закана за уставно загарантираното право на живот.

Тие ја нагласија потребата од користење на меѓународни искуства и унапредување на регионалната соработка во справувањето со реалните предизвици.
Претседателката и претставниците на МЗМП и ФЛОРОЗОН повикаа на континуирана едукација и поттикнување на младите во градењето партнерски однос со природата како неопходен предуслов за превенција на можни штети со несогледливи последици.

