Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев откако смени име и се откажа од идентитетот нема право да збори за црвени линии

На ветото од Бугарија е напишано името на Зоран Заев. Човекот нема ниту еден успех постигнато во надворешната политика, се огласи ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за „Франс прес“.
„ Впрочем на референдумот за името ја убедуваше целата јавност дека смената на името ќе значи влез во Европската Унија. Откако го смени името, постигнувајќи договор кој претходно не го прифати ниту една македонска влада се насочи кон постигнување на договор за добрососедство и пријателство со источниот сосед за кого сега од неговата партија изјавуваат дека никогаш не би го потпишале да знаеле дека Бугарија ќе не блокира.
Прашањето е откако не блокираше Бугарија и признаваат дека источниот сосед „ја превеслал жеднa преку вода“ македонската дипломатија, што презема Зоран Заев да го смени тоа! Во меѓувреме направена е трајна штета на македонските позиции, бидејќи играта „all in“ на Заев се претвори во „big disaster“ ставајќи ги на маса и името, јазикот, историјата, народот.
Заев откако смени име, се откажа од идентитетот нема право да збори за црвени линии. Тој даде се, а народот не доби ништо. Впрочем нема црвена линија која не ја сруши и од која не отстапи Заев. За каква црвена линија збори Заев, онаму каде што Пендаровски вели дека Делчев е Бугарин, или пак онаму каде што Каракачанов вели дека семејството на Димитров се добри Бугари, а тој не реагира“ се вели во реакцијата на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Македонија
Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината.
Според информациите на сеизмолошкиот институт, потресот е регистриран половина час по полноќ.
Епицентарот е во пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, јужниот дел на Охридско Езеро.
Македонија
Сончево време со температура до 33 степени

Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.