Спорт
Челси без проблеми против Њукасл

Фудбалерите на Челси победија во Њукасл со 2:0 и ја продолжија серијата на добри резултати. Екоапта на Френк Лампард, по некомплетното коло, се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата.
„Сините“, во Њукасл, рутински дојдоа до победата. Целосно ја контролираа играта, иако и домаќините имаа неколку закани кон голот на Менди. Во 10.минута, по нафрлувањето од Маунт, Фернандез си постигна авто-гол.
До крајот на полувремето, добри шанси за Челси не реализираа Ејбрахам и Вернер. Точка на мечот став Ејбрахам во 65.минута. На голот му претходеше прекрасна соло-акција и потоа асистенција на Вернер.
Челси со натпревар повеќе имаат ист број бодови како и Лестер. Двата тима имаат по 18 поени, а Лестер, утре ќе г одигра дербито со Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Серена за Синер: Да го направев јас тоа, ќе добиев 20 години суспензија

Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.
„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јасго направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс и додаде:
„Најчудно е што не можам да не размислувам за Марија (Шарапова)] цело ова време. Не можам да не се сочувствувам за неа“.
Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.
Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.
Спорт
(Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2:2, италијанскиот шампион со вкупни 4:3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3:0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.
Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12.минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.
Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58.минута.
Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, нотоа беше се од Реал вечерва.
Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.
Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.
Многу поголеми возбудувања и неизвесност имаше на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер во реваншот влезе со предност од 2:1, по дуелот во Минхен.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел. Баварците поведоа со голот на Хари Кејн во 52. минута и ја најавија драмата.
Меѓутоа, Интер многу брзо не само што возврати, туку целосно го сврте резултатот. Само девет минути подоцна веќе беше 2:1 за „нероаѕурите“.
Најпрвин Лаутаро Мартинез го постигна 150-от јубилеен гол за тимот од Милано, а потоа Бенџамин Павард ја погоди мрежата на својот поранешен клуб.
Гостите не се предадоа и Ерик Даер успеа да израмни во 76. минута, со прекрасен гол од мртов агол.
До крајот на мечот Баерн напаѓаше во бранови, пропушти неколку добр шанси, од кои две во последните 90 секунди преку Милер и Коман, но не успеа да избори продолженија.
Во полуфиналето Барселона ќе игра против подобриот од двата меча Интер – Баерн, додека Пари Сен Жермен ривал ќе биде Арсенал или Реал Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.
Спорт
(Видео) Њукасл го декласира Кристал Палас и скокна на третото место во Премиер лигата

Комплетирано е 32. коло во Премиер лигата, по кое Њукасл се искачи на третото место на табелата. Вечерва Њукасл го декласира Кристал Палас со 5:0 (4:0).
Њукасл од самиот почеток тргна во офанзива, па Александар Исак имаше одлични шанси веќе во осмата и десеттата минута, првиот негов обид го одбрани голманот на гостите, вториот беше непрецизен.
Њукасл поведе во 14. минута преку Џејкоб Марфи. Имаше потоа Палас шанса преку Езе, а од 38.минута започна потпот на гостите од Лондон.
Марк Гуехи си постигна автогол во 38. минута. Гуехи е вториот играч кој си постигнал автогол и дома и на гости во дуел со ист противник. Пред него, Џејми Карагер ја имаше таа несреќа против Тотенхем во сезоната 1998/99.
Во втората минута судиското надополнување во првото полувреме, Харви Барнс го постигна третиот, а шест мунути подоцна Фабијан Шер се запиша во листата на стрелците за 4:0.
Конечниот резултат го постави Александер Исак во 58.минута.
Тимот на Еди Хау, кој го пропушти вториот меч поради воспаление на белите дробови, сега е на третото место на табелата со 59 бодови, два повеќе од Нотингем Форест. Кристал Палас е на 12 место со 43.