Црна хроника
Тешко повреден работник во прилепски „Сивец“

Работник од рудникот за мермер „Сивец“ во Прилеп се бори за живот откако утрово врз него паднал мермерен блок, соопшти МВР
Големиот мермерен блок му ги згмечил нозете на педесет и четиригодишниот работник, додека работел на своето работно место во мермерниот комбинат, утрово околу 9 часот.Работникот во тешка состојба со сериозни повреди бил однесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите не е исклучено да биде префрлен во Скопје.Увид на местото на несреќата извршиле истражен судија и инспектори од инспекторатот за работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кај малолетник пронајдени пиштол и куршуми, бегал од полицијата ама бил фатен

Полициски службеници вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми, информираат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.
Според обвинителството, момчето за време на семејна расправија влегло во спалната соба каде се наоѓал неговиот татко и со остар предмет му нанело десет убодни рани во пределот на телото. На местото на настанот била и мајката, која успеала да го оттурне синот и веднаш повикала брза помош.
Повредениот маж бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му е извршен оперативен зафат, но неговата состојба е и натаму животозагрозувачка.
„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка пред надлежен судија за деца против малолетникот за кривично дело – убиство во обид, по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Со оглед на сериозноста на делото, предложено е определување мерка притвор“, стои во официјалното соопштение од обвинителството.
Црна хроника
Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток

34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато.
„При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата.
Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. е лишен од слобода, а во службениот разговор признал дека нема никаква документација за превезениот добиток.
„Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од полицијата, нагласувајќи дека инцидентот бил навремено запрен благодарение на брзата реакција на службениците.