Спорт
Евра: Дајте му Оскар на Алиоски!

Легендата на Манчестер јунајтед, Патрис Евра вели дека македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски имал улога достојна за Оскар изнудувајќи го црвениот картон на Никола Пепе на дуелот Лидс-Арсенал, но признава дека Французинот си ја заслужил казната.
Неделниот меч на „Еланд роуд“ предизвика многу дискусии, откако Пепе доби црвен картон во 51. минута по обид да го удри со глава Алиоски, кој, сепак, мора да се признае театрално ја искористи шансата да го принуди судијата Ентони Тејлор (кој ни судеше со Грузија) да му даде директен црвен картон.
„Алиоски заслужува Оскар! Ја одигра улогата толку добро, што јас да бев на клушата на Лидс ќе бев многу задоволен. Но, ајде човеку, изгледаше како да му го скрши носот“, вели Евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не го бранеше Пепе, велејќи дека потегот е „недозволив“ и Евра се согласува.
„И така не игра многу, а Артета му даде шанса, тој враќа вака. Нека не плаче кога нема да игра следниот пат. Пепе треба да им се извини на соиграчите“, вели Евра, кој посочува дека сумата од 72 милиони фунти која Арсенал ја плати на Лил за Французинот во 2019 му „тежи“ на сонародникот.
Алиоски за малку ќе настрадаше од Тирни, го бранеше Гранит Џака
Алиоски „изнуди“ црвен за Пепе, но Лидс не ги „скршија“ Арсенал
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA