Црна хроника
Бугарските и хрватските експерти го напуштија Охрид

рватските и бугарските експерти кои учествуваа во истражување на бродската хаварија на „Илинден“ денеска го напуштија Охрид
Како што дознаваме хрватските експерти за истражување бродски несреќи кои учествуваа во истрагата околу потонување на туристичкиот род „Илинден“ кај населбата Елшани, утре со авион ќе заминат од Скопје. Исто така, за www.forum.com.mk е потврдено и дека бугарските стручњаци од мешовитата македонско-бугарско-хрватска комисија ја напуштија нејзината работа. Од бугарска страна официјално сега во Охрид престојува само истражен судија кој учествува во истрагата за причините за несреќата од 5-ти септември во која животите ги загубија 15 бугарски државјани. Неофицијално, во Охрид се споменува дека за вадење на остатоците од потонатиот брод се преговара вадењето се преговара да го изврши фирмата „Бродоспас“ од Сплит, која веќе има искуство со вакви потфати. Меѓутоа, останува отворено прашањето со која институција од македонска страна ќе биде потпишан тој договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.