Црна хроника
Катастарски службеник нелегално доделил земјиште на површина од 393 квадратни метри
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишниот Т. А. за кого посотојат сомнежи дека како службеник во Агенција за катастар на недвижностите (АКН) сторил кривично дело несовесно работење во службата.
Пријавениот во текот на 2014 година, во врска со предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на извесна М. Ц. од Скопје, која побаралa од Катастарот да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост во Оризари, постапил несовесно при извршување на службената должност.
Имено, иако требало, тој не ја зел предвид потребната скица како дел од службена документација за парцелата предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.
На тој начин Т. А. ѝ овозможил на подносителката на пријавата нелегално да стекне земјиште со површина од 393 квадратни метри (во вредност од 1.965.000) и истовремено, од друга страна, за истиот износ му нанел значителна штета на лицето М. Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело несовесно работење во службата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

