Црна хроника
Скопјанец сам ја ограбил фирмата за која работи, па пријавил разбојништво-приведени две лица
Деветнаесегодишен скопјанец испланирал грабеж на сопствената фирма, по што пријавил во полиција разбојништво.
„ Полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки.
Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано кисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво.
По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против пет лица: организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“.
На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство „Осогово” – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот.
По ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци.
На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари.
Црна хроника
Уапсен Турчин, криумчар на мигранти: пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир
Вчера вечер, околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода 33-годишниот О.К. од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.
Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

