Спорт
Ибра контра ФИФА 21: Кој сака да заработи пари на мене?

Златан Ибрахимовиќ влезе во напад на американската компанија за производство на видео-игри ЕА Спортс, тврдејќи дека тие го користат без дозвола неговиот лик во нивната игра ФИФА 21.
„Кој им даде дозволна ФИФА ЕА спортс да го користат моето име и моето лице? ФИФПРО? Не сум свесен дека сум член на ФИФПРО и ако сум таму тогаш некој ме ставил без мое знаење преку некои чудни работи. Сигурно не сум дозволил на ФИФА или ФИФПРО да прават пари користејќи ме мене. Некој профитира на моето име овие години. Време е за истрага“, напиша Златан на Твитер.
Поради сличен конфликт на користењето на ликот, Дејвид Бекам повеќе од 20 години беше отсутен од видео-играта, пред да се врати оваа година по богатиот договор кој го има добиено.
Досега и други фудбалери се лути на ЕА Спортс за нивното вклучување во ФИФА 21, но поради други причини – Ромелу Лукаку се жалеше на ниската вредност за брзина која ја има во играта, додека Сами Кедира јавно побара компанијата да ја смени неговата фризура.
Who gave FIFA EA Sport permission to use my name and face? @FIFPro? I’m not aware to be a member of Fifpro and if I am I was put there without any real knowledge through some weird manouver.
And for sure I never allowed @FIFAcom or Fifpro to make money using me— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 23, 2020
Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маса бара правда – Го тужи Еклстон за 82 милиони долари

Фелипе Маса започнува правна битка за скандалот од 2008 година, барајќи дури 82 милиони долари отштета за познатиот Афера „Крашгејт“ што ја потресе Формула 1 во 2008 година.
Поранешниот возач на Формула 1 со 11 победи во кариерата ќе се појави пред Високиот суд во Лондон на 28 октомври.
Маса одлучи да поднесе тужба по коментарите на Берни Еклстоун за германскиот Ф1 Инсајдер во врска со инцидентот во Сингапур.
Да ве потсетиме дека тимот на Рено, во текот на трката, му нареди на Нелсон Пике помладиот намерно да се удри во ѕидот. Неговиот судир предизвика да излезе безбедносното возило, што му го отвори патот кон победата на Фернандо Алонсо.
Тој потег ги уништи шансите на Маса, а дополнителна штета беше предизвикана од голема грешка на тимот на Ферари во боксот. Бразилецот тврди дека без тој инцидент тој ќе ја освоеше титулата во 2008 година наместо Луис Хамилтон.
Во интервју за „Тајмс“, тој нагласи колку му е важна „одговорноста“ во спортот.
„Одговорноста е клучна за спречување на идни измами“, рече Маса.
„Оние кои се задолжени за заштита на спортот директно ги прекршиле своите обврски и не смеат да профитираат од криењето на сопствените злодела.
Таквото однесување е неприфатливо во кој било сегмент од животот, но особено во спорт што го следат милиони, вклучително и деца“.
Неговата одлука да оди на суд дојде откако Еклстоун рече дека тој и поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли, знаеле што се случило во Сингапур.
Еклстоун сега тврди дека неговите зборови биле погрешно преведени.
Тој дури се прашува како е можно случајот на Маса воопшто да биде „разгледан на суд“.
„Ова беше интервју што го дадов на некого во Германија“, објасни Еклстоун за „Тајмс“.
„И тој новинар не зборуваше многу добро англиски во тоа време и запишуваше белешки, а подоцна некој од Англија ја презеде работата.
Адвокатите што ме застапуваат мене, ФИА и Ф1 не разбираат како ова може да стигне до суд.“
Поранешниот шеф на Формула 1 негираше какво било прикривање.
„Нема начин на светот некој да ја промени или откаже таа трка“, додаде тој.
Спорт
Импресивен список на дефанзивци чии договори истекуваат во јуни 2026 година

Летниот преоден рок беше интересен, особено во Премиер лигата, а сигурно ќе бидат интересни и следните два. Особено кога ќе ја видите листата на дефанзивци чии договори во нивните сегашни клубови ќе истекуваат на 30 јуни 2026 година пред Светското првенство.
Таа листа е долга дури и ако ги земеме само трите најсилни национални првенства: Премиер лигата, Бундеслигата и Ла Лига.
Има дури осум дефанзивци во последната година од нивните договори во Премиер лигата. Оние кои дефинитивно интерес ќе покажат повеќе клубови.
Тука се Ибрахима Конате од Ливерпул и Марк Гуеи од Кристал Палас, чии трансфер пропадна во последните минути од летниот преоден рок.
Потоа тука се Џон Стоунс од Манчестер Сити, Маркос Сенеси од Борнмут, Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, Адам Вебстер од Брајтон, Џејмс Тарковски од Евертон и Фабијан Шер од Њукасл.
Што се однесува до Бундеслигата, Диао Упамекано е во последната година од договорот со Баерн, Никлас Суле и Емре Џан со Борусија Дортмунд.
Интерсна е и листата во Ла Лига.
Антонио Рудигер е во последната година од договорот со Реал, а Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен во Барселона. Тука е и Јерај Алварез од Атлетик Билбао.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во јануари доаѓа во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, откако клупското раководство увидело дека моменталната линија заостанува во споредба со ривалите во Италија.
Според информации на „Тутоспорт“, „бјанконерите“ повторно ја насочиле целта кон поранешниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Директорот на клубот, Дамиен Комоли, е решен да донесе нов централен играч за врска, при што ѕвездата на Ал-Хилал се наоѓа меѓу приоритетните трансфер цели.
Во текот на летниот преоден рок, Јувентус исто така бараше креативно засилување во средниот ред, но на крајот фокусот беше ставен на напаѓачите Џонатан Дејвид, Лоис Опенда и Едон Жегрова, како и на десниот бек Жоао Марио.