Свет
Дедо Мраз држи дистанца и носи маска

Рестриктивните мерки во цела Европа ги натераа владите на многу земји да наложат секој што носи костим на Дедо Мраз да одржува дистанца и да носи заштитна маска.
Властите на Европската Унија се обидуваат да им овозможат на граѓаните да го слават Божик во семејниот круг и да ги ублажат ограничувачките мерки дозволувајќи пет лица да бидат присутни во едно домаќинство за Божик, кој повеќето Европејци го слават на 25 декември, пишува „Ројтерс“.
Многумина ќе ги откријат своите планови оваа недела за ограничување на бројот на луѓе на семејните собири, а некои големи празнични фестивали се откажани.
Белгискиот премиер Александар де Кроа е загрижен за третиот бран што може да следи, откако вториот започна да слабее.
„Или ќе го прекинеме третиот бран за Божик или третиот бран ќе почне тој ден“, рече Де Кро, кој планира да слави само со сопругата и двете деца.
Белгиската влада дури му пишала на Дедо Мраз, кој традиционално им дава подароци на децата на 6 декември.
„Дедо Мраз држи дистанца, редовно ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.
Неодамна и италијанскиот премиер, Џузепе Конте, во порака до децата загрижени за тоа како ќе се одвиваат новогодишните празници, одговори дека Дедо Мраз ќе носи маска и ќе може да патува во целиот свет со дозвола за движење.
„Дедо Мраз ми гарантира дека веќе има потврда за меѓународно патување. Може да патува насекаде и да им носи подароци на сите деца во светот“, напиша Конте како одговор на прашањето на петгодишниот Томас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој

Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој. Во петокот беше објавено и дека Естонија, Латвија и Литванија подготвуваат планови за масовни евакуации во случај на руски напад, бидејќи загриженоста за националната безбедност расте.
Да се напушти земјата до 13 октомври
Латвија им нареди на 841 руски државјани да ја напуштат земјата до 13 октомври, велејќи дека не ги исполниле новите услови за престој, кои вклучуваат докажување на основни познавање на летонскиот јазик и положување безбедносни проверки, објави Политико.
Одлуката следува по низа законски измени што ги заострија правилата за руските граѓани кои сакаат да останат во балтичката држава.
Законски промени по руската инвазија на Украина
Латвија воведе измени во својот закон за имиграција во 2022 година, по руската инвазија на Украина, и дополнително ги заострија во 2024 година. Според новите правила, руските граѓани мора да добијат статус на долгорочен жител на ЕУ, да покажат познавање на летонскиот јазик на ниво А2 и да поминат безбедносни проверки и проверки на биографијата до 30 јуни 2025 година, за да можат легално да останат во земјата.
Околу 30.000 Руси се погодени од новите мерки
Службениците проценуваат дека околу 30.000 руски граѓани се погодени од новата политика, додека околу 2.600 доброволно ја напуштиле Латвија, според извештајот на Политико. Останатите мора или да ги исполнат условите или да заминат.
Канцеларијата за државјанство и миграција (OCMA) потврди дека 841 лице го пропуштило рокот за поднесување на потребните документи и официјално е известено дека мора да ја напушти земјата до 13 октомври.
„Само кога ќе им престанат пензиите, сфаќаат дека нешто не е во ред“
Зборувајќи во емисијата „Де факто“ на Латвиската телевизија, директорката на OCMA, Мајра Розе, рече дека многу Руси дури и не биле свесни дека законот се променил сè додека не го изгубиле правото на државни бенефиции.
Свет
Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, како одговор на ограничувањата што Кина ги воведе за ретките земни метали.
Само неколку часа по изјавата на Трамп, Биткоинот се урна под 110.000 долари, што претставува пад од над 12% во рок од 24 часа. Според податоците на „CoinGlass“, крипто трговците кои се обложуваа на раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари, при што се случија масовни ликвидации на позиции во вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – најголем еднодневен колапс во историјата на дигиталните средства.
Најголеми загуби се забележани кај Биткоин (1,83 милијарди долари), Етереум (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Ликвидациите на пазарот, односно присилното затворање на позициите кога трговците не можат да ги покријат загубите, доведоа до исчезнување на повеќе од 9 милијарди долари од крипто пазарот во рок од еден ден.
Пазарните аналитичари од „Valuermarket“ оценуваат дека ова е најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства и предупредуваат дека може да следи нов бран нестабилност ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи да се заострува.
Свет
Заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник, очекува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува заложниците што ги држи палестинското движење Хамас во Газа „да се вратат“ дома в понеделник.
Американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа посочи дека, покрај живите заробеници, на Израел ќе му бидат вратени и најмалку 28 тела на починати заложници.
Трамп додаде дека планира да го посети Каиро, по што ќе се обрати пред израелскиот Кнесет (Парламентот), пред да се врати во САД во вторник.