Спорт
Јавно го критикувал претседателот Лотито, Луис Алберто ќе замине Лацио

Евертон, Јувентус и Интер го следат фудбалерот на Лацио, Луис Алберто. Овие клубови, како што пишува „Газета дело Спорт“, во јануари ќе се обидат да го реализираат трансферот на 28-годишниот фудбалер.
Луис Алберто, неодамна, јавно го критикувал претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Медиумите тврдат дека поради ваквите критики тој повеќе нема иднина во клубот од „Олимпико“.
Покрај споменатите три клуб, интерес за Луис Алберто, покажале и неколку екипи од Шпанија.
Неодамна на платформата „Твич“, Алберто, го критикувал претседателот Лотито, кога дознал дека тој си купил нов авион.
„Авион? Убаво, но можеше и на фудбалерите да им ги исплати платите. Купува работи, а нас не ни дава плата“, рекол Алберто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Касемиро бесплатно ќе го напушти Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“.
Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим.
Бразилецот беше исклучен во победата на Јунајтед од 2:1 над Челзи во саботата поради втор жолт картон, откако претходно го постигна вториот гол за својот тим.
Се шпекулира дека клубовите од Саудиската професионална лига се заинтересирани за искусниот играч од средниот ред веќе долго време и нема да имаат проблем да ја покријат неговата неделна плата од 400 илјади евра.
Според Браун, Манчестер јунајтед би можел да се обиде да го продаде Касемиро пред да му истече договорот во јуни 2026 година, но ако не успеат да го сторат тоа, веројатно ќе го пуштат да си замине без надомест.
„Дојде време Касемиро да си замине. Доколку Манчестер јунајтед добие понуда за него што им одговара, би можеле да одлучат да го продадат, но во спротивно, слушнав дека веројатно ќе му биде дозволено да си замине како слободен играч. На негови години, со парите што ги заработува, нема да има смисла да го задржи. За него имаше интерес од Саудиската професионална лига и мислам дека тоа е веројатно потег што ќе му одговара во оваа фаза“, рече Браун.
Касемиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид во август 2022 година за 70 милиони евра и досега има одиграно 130 натпревари за клубот, постигнува 18 гола и 12 асистенции. Во својата прва сезона, тој му помогна на клубот да се врати во Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои пет пати со Реал Мадрид.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гави нема да игра до февруари

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото.
Како што беше објавено на официјалниот профил на клубот „X“, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус.
Според проценките на медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи дека Барселона нема да може да смета на еден од своите најважни млади играчи веројатно до февруари следната година.
Оваа информација ги изненади навивачите на каталонскиот клуб бидејќи локалните медиуми во претходните денови се прашуваа дали Гави ќе биде подготвен за првото Ел Класико во сезоната, кое е закажано за 26 октомври.
Играчот на Барселона се повреди кон крајот на август во текот на тренингот, а дури и тогаш се стравуваше дека станува збор за сериозна повреда на коленото.
Во ноември 2023 година, талентираниот фудбалер доживеа сериозна повреда, руптура на предните вкрстени лигаменти и оштетување на менискусот на истото колено, поради што беше надвор од терените една година.
Младиот играч од средниот ред се придружи на растечкиот список на повредени во тимот од „Камп Ноу“, на кој се наоѓаат Фермин Лопез, Ламин Јамал, Алехандро Балде и голманот Марк-Андре тер Штеген.
Foto/ „X“
Спорт
ФИФА сака Светско првенство со 64 репрезентации

ФИФА, сериозно размислува за идејата Светското првенство во 2030 година да биде проширано на 64 репрезентации.
Според извори на „Оле“, ФИФА ќе го поддржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на турнирот на рекорден број.
Во тој случај, натпреварувањето би било организирано во 16 групи, каде што секоја група би имала по четири репрезентации. Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група би се пласирале во нокаут фазата.
Натпреварите на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Три од натпреварите од групната фаза би се играле целосно во јужноамериканските земји, додека остатокот од турнирот би се играл во Европа и Африка.
ФИФА веќе го прошири бројот на учесници на турнирот – од 32 на 48 репрезентации. Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата со 48 репрезентации.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави, додека домаќин во 2034 година ќе биде Катар.