Спорт
Касемиро ќе игра против Интер

Во морето лоши вести што ги добива деновиве Зинедин Зидан, конечно за него дојде и една добра информација. Еден од клучните играчи на Реал, Касемиро, ќе биде во тимот против Интер во Лигата на шампионите.
Касемиро пропушти неколку натпревари на „кралскиот клуб“, а не играше ниту за Бразил поради позитивниот корона-тест.
Бразилецот на последното тестирање бил негативен, што значи дека ќе биде со тимот утревечер на „Џузепе Меаца“.
Натпреварот со Интер ќе го пропуштат Феде Валверде, Серхио Рамос и Карим Бензема поради повреди, односно Лука Јовиќ, кој е во изолација поради коронавирусот.
Дуелот Интер-Реал на програмата е утре од 21 часот.
Натпреварот е исклучително значаен за двата тима, кои лошо стартуваа во Лигата на шампионите. Во Б-групата води Борусија со 5 бода, по четири имаат Шахтјор и Реал, а Интер во првите три кола освои само два бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
СПАЛ и Бреша заинтересирани за Несторовски

Илија Несторовски до крајот на преодниот рок би можел да замине од Удинезе. Несторовски, од почетокот на сезоната, има одиграно само 252 минути за Удинезе.
Удинезе, во саботата, одигра 0:0 против Интер, а Несторовски мечот го мина на клупата за резерви.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на напаѓачот.
Според шпекулациите најголем интерес за Несторовски има кај два клуба од Серија Б, СПАЛ и Бреша.
Спорт
Червар поднесе оставка: Заминувам, време е за нов човек

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар, по шокантниот пораз од Аргентина (19:23), ја понуди својата оставка. Червар во целост ја презеде одговорноста за катастрофалното издание на неговите избраници. Хрватска по овој пораз има минимални шанси да се пласира во четврт-финалето.
„Не игравме добро и поради тоа сум изненаден. Бев убеден дека денес ќе бидеме добри. За мене ова е големо разочарување. Морамме да ја преземеми одговорноста. За мене ова е недозволиво. Мислам дека е време некој да ме замени на ова место. Не можам повеќе понатаму. 250 натпревари има со репрезентацијата. Одговорноста е моја. Не бегам од тоа. Жал ми е што заминувам, но ова е моја конечна одлука. Му давам целосна поддршка на новиот селектор. Жал ми е поради овој натпревар. Се беше во пристапот. Аргентина имаже повеќе желба, ние не чувствуваме глад за победите. Во животот има подеми и падови, Сојузот ќе мора да најде нов селектор. Нема да ја сменам одлуката, време е за нов човек. Можеме да се извлечеме против Данска, но ова го зборувам за она што ја очекува репрезентацијата во иднина“, рекол Червар.
Спорт
Аталанта го прегази Милан, кикс на Интер против Удинезе

Аталанта, во Милано, го декласира Милан со 3:0, во 19.коло. Поразот на Милан не го искористи Интер кој одигра 0:0 кај Удинезе. Ремито „Фриули“, македонскиот репрезентативец од Удинезе, Илија Несторовски, го гледаше од клупата за резерви.
Аталанта целосно го надигра лидерот на табелата Милан, а до победата тимот од Бергамо го предводеа Јосип Иличиќ и Дуван Запата.
Екипата на Џанпјеро Гасперини до победата дојде со головите на Ромеро во 26., Иличич со гол од пенал во 53. и Запата во 77.минута.
Милан и покрај вториот пораз во сезоната останаа лидери на табелата со 43 бода, два повеќе од Интер. Аталанта се проби на четвртото место со 36 бода.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот