Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Тетовско

Вчера, околу 8.30 часот, на локалниот пат Ново Село два – Боговиње, возило „фолксфаген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д. А. (39), изгубило контрола и излетало од коловозот. Во незгодата тешки телесни повреди добиле сопатниците М. А. (40) и малолетник, а возачот добил повреди. Тројцата биле пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.