Црна хроника
Спречен нов транспорт на азиски мигранти до Лојане
Во саботата Регионалниот центар за гранични работи Север до основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против жител на од селото Ваксинце….
Во саботата Регионалниот центар за гранични работи Север до основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против жител на од селото Ваксинце, општина Липково, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“, а од страна на Истражен судија му е изречена мерка притвор 15 дена.
По претходно добиени сознанија дека на автобуската станица во Скопје се качила поголема група лица со статус мигранти, во автобус на кумановската компанија „Југ-турист“ од Куманово, кој сообраќал на редовна линија Скопје – Куманово, полициските инспектори од Куманово кај село Речица сопрело автомобил „фолксваген пасат’ со кумановски регистерски таблички којшто го возел сега притворениот 43-годишник со иницијали Б.А.
При прегледот во возилото биле најдени и приведени пет лица од Авганистан, на возраст меѓу 19 и 25 години.
Пријавениот жител на кумановското село Ваксинце при распитот изјавил дека иако знаел оти се работи за странски државјани мигранти, прифатил да изврши нивно префрлување до кумановското село Лојане за сума од 20 евра.
Авганистанските мигранти се сместени во Прифатниот центар за странци поради обезбедување на присуство во текот на судската постапка.
Во текот на април македонската полиција спроведе неколку акции во кумановското село Лојане, при што беа откриени над стотина емигранти од Пакистан и Авганистан.
Во една беа приведени двајца кумановци кои се договориле за 30 евра по лице да ги превезат поголема група мигранти до селото Лојане, во близина на северната граница кон Косово и Србија. Кумановската полиција тогаш откри вкупно 59 мигранти од Авганистан, Пакистан и Кина во куќа во Лојане, меѓу кои имало четири деца и една бремена жена.
Во кумановско Лојане се откриени голем број мигранти кои преку Македонија сакаат да стигнат во Западна Европа, па 38-годишен жител на Лојане им наплаќал по пет евра од човек секој ден за престој во неговата куќа. Тој дневно земал 300 евра, а месечно 9.000 евра. Нему помогнал Пакистанец кои со уште четири лица грабнал двајца мигранти од Пакистан и ги однел во куќата на жителот на Лојане. Таму ги малтретирале психички и физички и им барале да им дадат 4.000 евра за да ги пуштат до одат во Србија.
Претходно во април припадници на СВР Куманово, Интерпол во Македонија и Бугарскиот одел за организиран криминал во куќата на жител од Лојане пронајдоа 21 странски државјанин, 19 лица од Авганистан и две лица од Пакистан, како и 543 грама марихуана, 3.040 евра , пет СИМ картички, осум мобилни телефони, две радио врски, ловечка пушка, еден ловечки елек и испратница од 2.100 евра од Вестерн унион.
Во првиот случај, кривична пријава заработи 33-годишна скопјанка која им обезбедила преноќиште на 13 илегални мигранти од Алжир, Мароко, Еритреја, Судан и Тунис во куќа на улицата „Иво Лола Рибар“. Мигрантите пристигнале во земјата на 6-ти април преку Гевгелија. За престојот за осум од нив наплатила 40 евра.
Во вториот случај, кривични пријава заработи 20-годишен Германец и 48-годишен скопјанец, кои вршеле превоз на група од седум пакистански државјани од Скопје до кумановското село Лојане. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка” во која 44-годишна жена беше прегазена, а уште едно лице беше тешко повредено.
Првиот осомничен управувал автомобил „Фолксваген голф“ без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот.
Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.
Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.
Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство.
Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.