Спорт
Биелса: Марадона беше уметник, го надминуваше фудбалскиот терен со потезите

Уште еден голем Аргентинец, Марсело Биелса го прокоментира животот на Диего Марадона кој вчера почина во својот дом. И популарниот „лудак“ кој е актуелен менаџер на Лидс Јунајтед верува дека Марадона е најголемиот во историјата на фудбалот.
„Се што правеше како фудбалер е убавина која е невозможно да се повтори. Марадона беше уметник затоа што воодушевувањето на неговите мајстории го надминува фудбалскиот терен. Постојат многу убави песни напишани во негова чест. Реакциите за неговата смрт се многу емотивни. На нас Аргентинците Диего многу ни значеше, кога го гледавме имавме чувство дека сме дел од фантазија“ рече Биелса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јамал повторно е најдобар млад играч во светот

На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“.
Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година.
Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа награда. Но, тој сè уште чека на главната, која ќе биде доделена на самиот крај.
Водителите го прашаа на сцената дали е подготвен за „Златната топка“, а Џамал одговори:
„Не знам“, што им се допадна на многумина на церемонијата.
💬 Lamine Yamal's speech on stage, after winning the 2025 Kopa Trophy#ballondor pic.twitter.com/bEdmofANpI
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Најдобрите 10 млади игрчи во светот:
Here is the 2025 Kopa Trophy full ranking!
1️⃣ Yamal Lamine
2️⃣ Désiré Doué
3️⃣ Joao Neves
4️⃣ Estevao
5️⃣ Kenan Yildiz
6️⃣ Dean Huijsen
7️⃣ Pau Cubarsi
8️⃣ Rodrigo Mora
9️⃣ Ayyoub Bouaddi
9️⃣ Myles Lewis-Skelly#TrophéeKopa #ballondor pic.twitter.com/pYRe4DltsF— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Спорт
Проблем за Барселона, Гави повторно мора да оди на операција

Фудбалерот на Барселона, Гави, ќе биде подложен на артроскопија на десното колено поради повреда на внатрешниот менискус.
Шпанскиот репрезентативец не играл од крајот на август, а интервенцијата е закажана за вторник, откако претходните третмани не дале резултати.
Барселона изјави дека Гави прво бил подложен на „конзервативен третман“, а потоа на „интензивни спортски стрес-тестови“, но дека е одлучено да се изврши мала операција за да се обезбеди целосно закрепнување и враќање на теренот.
Во ноември 2023 година, Гави претрпе сериозна повреда, руптура на предниот вкрстен лигамент и оштетување на менискусот на истото колено, поради што беше надвор од игра една година.
Барселона не прецизираше колку долго ќе трае новото закрепнување, но потсетува дека претходната операција на фудбалерот го држеше надвор од теренот 12 месеци.
Младиот играч од средниот ред се приклучува на растечкиот список на повреди за шпанскиот шампион, на кој веќе се наоѓаат Фермин Лопес, Ламин Јамал, Алехандро Балде и голманот Марк-Андре тер Штеген.
Спорт
Мурињо побарал да му го донесат Бензема во Бенфика

Карим Бензема (37) би можел да дојде во Бенфика, пишува „Гол Франс“. Францускиот напаѓач е на радарот на Бенфика, на чија клупа минатата недела седна Жозе Мурињо. Доколку трансферот се реализира, судбината веќе нуди филмско сценарио: дуел против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Португалскиот тренер знае што му е потребно за да напредува во проектот: искуство, лидерство и цели. Тука се вклопува Бензема. Мурињо не ја крие својата желба да го доведе и веќе му даде до знаење на раководството дека вреди да вложи напор. Секако, нема да биде лесно.
Французинот влегува во последната година од договорот со Ал-Итихад и заработува вистинско богатство. Доколку сака да го носи црвениот дрес на „Естадио да Луж“, ќе мора да прифати големо намалување на платата.
Саудискиот клуб, исто така, размислува за продажба за обештетување помеѓу 5 и 7 милиони евра. За Бенфика, тоа е прифатлива сума… под услов Карим да каже да.
Таквиот потпис би носел доза на романтика, но и стратегија. Мурињо го сака Карим како лидер и модел за млад и гладен тим. Тој не бара никаков напаѓач, туку роден победник. Исходот е во рацете на Бензема.
Фото/ Принтскрин