Надворешна политика
Мехмети: Евроинтеграциите се важен процес за земјите од Западен Балкан
Во рамките на италијанското претседателство со Европската унија, претседателката на Комисијата за европски прашања на македонското собрание , Ермира Мехмети, во петокот учествуваше на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што се одржува во Рим.
На конференцијата, која ја отвори претседателот на италијанскиот Сенат, Пиетро Грасо, за претстојните приоритети на италијанското претседавање со ЕУ, говореа потпретседателот на Европската комисија, Марош Шевчович, и Сандро Гоци, потсекретар во владата на Италија, задолжен за европски прашања.
Двајцата воведничари ги потенцираа италијанските приоритети за време на ова претседателство со ЕУ, при што како поважни беа потенцирани реализирањето на програмата Европа 2020, надминување на економската и финансиската криза, вработувањето и социјалната димензија на овој проблем, енергетиката, како и прашањето за проширувањето на ЕУ.
Во врска со проширувањето, Мехмети имаше свое излагање во кое го потенцираше значењето на продолжувањето на процесот на придружување на земјите кандидати за членство во ЕУ, како важен процес за земјите од Западен Балкан, кој е неопходен за стабилност и мир во регионот.
Притоа, таа истакна дека придружувањето кон ЕУ е силен мотив и двигател на европските реформи во сите области во регионот и изрази надеж дека за Македонија во следните шест месеци ќе има напредок во евроинтегративните процеси.
Осврнувајќи се на прашањето за проширувањето на Европската унија, потпретседателот Шевчович одговори дека и во наредниот мандат на новата Европска комисија тоа ќе остане да биде во агендата, но дека и земјите аспиранти за членство во Унијата ќе треба да ги спроведат потребните реформи, пред сѐ, во областите на правда, внатрешни работи и безбедност.
Истовремено, во рамките на КОСАК конференцијата, Мехмети учествуваше и на Вториот состанок на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите од Јужна Европа на кој беа разменети мислења и ставови за прашањата поврзани со медитеранската димензија на европските политики.
Во својот настап Мехмети, го поздрави конституирањето на оваа конференција во јануари оваа година во Кипар, а во која членуваат земјите-членки на ЕУ: Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија, Романија Словенија и Шпанија, а на која првпат бевме повикани да учествуваме заедно со Албанија, Црна Гора, Србија и Турција, во својство на посматрачи, како земји-кандидати за ЕУ членство.
Пратеничката, осврнувајќи се на прашањето на проширувањето во агендата на италијанското претседателство со Унијата, се заложи за додавање на нова точка во предложените заклучоци, во која се истакнува европската перспектива на земјите- кандидати за ЕУ членство со цел да им се даде импулс на државите, но и на граѓаните да го задржат моментумот на продолжување на ЕУ реформите.
Предлогот на Мехмети беше поддржан и од претседателката на Комисијата за европски прашања на Албанија, Малјинда Брегу, како и од останатите присутни претседатели на комисиите, по што со гласање беше прифатен и дополнително вметнат во заклучоците на состанокот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.