Црна хроника
Запленети 100 литри сомнителен алкохол во Дебар, Охрид и Струга
Во акцијата на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока во четвртокот продолжи на територијата на Дебар, Охрид и Струга, и притоа во контролите извршени во 15 објекти и повеќе зелени пазари, регистрирани се неправилности во четири случаи и задржани се околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло.
Во два угостителски објекта во Дебар и Охрид е утврдена нелегална продажба жестоки пијалаци и одземени се 9 литри алкохолни пијалаци, како коњак, вотка, виски и ликер, додека при контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај 2 физички лица се откриени и одземени 83 литри домашна ракија и 5 литри коњак.
Сите привремено задржани алкохолни пијалаци, во вкупно количество од 97 литри, не биле означени со контролни марки, ниту поседувале каков и да е сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба. Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.
Повеќе тимови од царински службеници претходно во четвртокот извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп, при што се неправилности се откриени во 12 случаи и привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалаци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалаци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

