Црна хроника
Сакал да извади пасош за детето без сопругата, натепал вработен во пасошко
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.З., осомничен за спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Пријавениот на 25 јули годинава сакал да поднесе барање за пасош за своето дете без сопругата, што е спротивно на законот.
Откако бил спречен во намерата, тој влегол во канцеларијата на раководителот на Одделението за управни работи и почнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал удирајќи го со тупаници по главата и телото при што му нанел видливи повреди. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.