Свет
Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19
Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и вознемиреноста го наплаќаат данокот на луѓето во целиот свет.
Во Јапонија статистиките покажуваат дека повеќе луѓе починале поради самоубиства во октомври отколку поради Ковид-19 од почетокот на годината. Според јапонската Национална полициска агенција, месечниот број на самоубиства во октомври се зголемил на 2.153. До петокот од Ковид-19 починале 2.087 луѓе.
Јапонија е една од ретките земји која навремено објавува податоци за самоубиства.
На пример, последните податоци од САД датираат од 2018 година. Јапонските податоци би можеле да им овозможат и на други земји увид во влијанието на пандемиските мерки врз менталното здравје, како и на тоа кои групи се најзагрозени.
„Ние дури и немавме целосно затворање, а исходот од Ковид-19 е прилично минимален во споредба со другите земји. А сепак имаме голем пораст на бројот на самоубиства. Тоа сугерира дека и другите земји би можеле да забележат сличен или уште поголем пораст на бројот на самоубиства во иднина“ вели Мичико Уеда, професорка на Универзитетот „Васеда“ во Токио.
Јапонија долго време се бори со една од најголемите стапки на самоубиства во светот. Во 2016 година оваа земја имала стапка на смртност од самоубиства од 18,5 на 100.000 жители, според што е веднаш зад Јужна Кореја кога е во прашање западнопацифичкиот регион и што е речиси двојно повеќе од годишниот глобален просек од 10,6 на 100.000 жители.
И покрај тоа што причините за високата стапка на самоубиства се комплексни, долготрајното работно време, притисокот во училиштата, социјалната изолација и културолошката стигма за менталните проблеми се наведуваат како главни фактори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

