Црна хроника
Осуденик пукал во патрола во Чаир и побегнал
Нема повредени во вооружениот инцидент што денеска околу 14:30 часот се случил на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир
Како што информираат од полицијата, припадници на единицата Алфи забележала лице осудено на 19-годишна затворска казна кое се барало со потерница. Кога ги забележал полицајците, тој извадил пиштол и пукал кон еден од нив. За среќа, куршумот завршил во заштитниот елек на еден од полицајците.Алфите го забележале Џабир Дарлишта за кого имало распишана потерница. Дарлишта бил осуден на 19 години затвор за повеќе кривични дела и бил во бегство. По пукањето, осуденикот побегнал од местото на инцидентот. Полицијата трага по него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

