Црна хроника
Во трагичната тепачка во Охрид вмешани Срби и сопственикот на „Хавана“
Тепачка во која животот го загуби 34-годишниот српски турист, Дејан Новаковиќ, избила за банална расправија меѓу две групи српски државјани а по вмешувањето на сопственикот на клубот избила тепачка во која се замешале повеќе лица, официјално соопшти попладнево МВР
Како што стои во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи, од досегашните оперативни сознанија прозилегува дека тепашкат избила заради банални причини, и тоа прво внатре во клубот каде почнала како вербална расправија и тепачка меѓу неколкумина српски државјани. Веднаш потоа лицата што се спречкале се симнале пред клубот и продолжиле со квагата. Еден до сопствениците на клубот препознал свој пријател меѓу инволвираните во тепачката и се вмешал. Но и тој бил нападнат од спротивната страна, по што се вмешале и други лица, а починатиот Дејан Новаковиќ и неговиот пријател Г.П. се обиделе да избегаат. „Во тепачката Г.П. се стекнал со телесни повреди во пределот на главата и телото и откако му е пружена медицинска помош, истиот е пуштен од болница. Исто така на телесни повреди се има пожалено и сопственикот на клубот М.К. кој е повикан во полиција“, се вели во соопштението на МВР до медиумите. Сведок на тепачката птретходно потври за локалните медиуми дека повеќе пред зградата на охридската почта со клуци удирале лице кое лежело на земја, сега починатиот Новаковиќ, додека друго успеало да избега.Македонската полиција трага по уште еден српски и неколку македонски државјани кои биле инволвирани во тепачката. Покрај сопственикот, на разговор во СВР Охрид биле повикани вкупно 30-ина лица, а со наредба на Истражен судија се подигнати и одземени компјутерите од локалот за проверка на евентуални записи од безбедносните видео-камери.Телото на починатиот беше предадено на обдукција, но досега нема потврда за причините поради кои настанала смртта. Според обдуцентите ќе биде потребно дополнително време за извршување на неопходните хистолошки анализи на срцето кои би ги потврдиле сомненијата зошто престанало да работи. Имено по првиот направен преглед, се покажало дека повредите на главата не биле животозагрозувачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Поради СМС порака за лажна пратка од „Пошта“, гостиварец останал без 89.106 денари
Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на интернет измама, при што 34-годишен жител на овој град останал без над 89 илјади денари.
Како што информира полицијата, на 16 јануари С.А. (34) пријавил дека добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако влегол на лажна веб-страница и ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции.
Според пријавеното, од сметката на оштетениот биле повлечени вкупно 89.106 денари, кои завршиле кај примач во странство.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични и банкарски податоци на сомнителни линкови.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и ќерката, друг на жената и’ ги скршил телефонот и автомобилот – пријавени случаи на семејно насилство
Во полицијата во Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои МВР презема мерки за нивно целосно расчистување.
Првиот случај е пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и ѝ упатувал закани со остар предмет. Претходно, како што е пријавено, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вториот случај е пријавен на 16 јануари 2026 година во 09:20 часот, кога 45-годишна жена од скопско пријавила дека во претходните денови повеќепати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48). При нападите, тој ѝ го оштетил и мобилниот телефон, како и нејзиното патничко возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди
Вчера во утринските часови на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак се здоби со тешки повреди.
Патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Д.П. од Скопје, удрило во 48-годишната Р.Д., исто така од Скопје.
Од силината на ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот бил извршен увид.

