Македонија
Милошоски: Заев и Бучковски заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси
Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на обраќањето пред Владата на денешниот протест „Оставка за Заев, слобода на народот“ рече дека сега Зоран Заев и Владо Бучковски како едни од најкорумпираните политичари заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси.
„Ако до вчера бевме сигурни дека Заев е подготвен да ги распродаде националните интереси на Македонија како еден од најкорумпираните политичари, денес со Бучковски како тандем на најкорумпирани политичари во Македонија, дефинитивно не може да направат ништо, освен да тргуваат со националните интереси. Морам да изразам жалење што еден од нив, господинот Бучковски, како професор на Прaвниот факултет поради лукративни причини се вклучува во оваа опеарција за неправда кон Македонија“, рече Милошоски.
Милошоски напомена дека тие двајцата имаат едно нешто заедничко – едниот аболиран за својот криминал, а другиот одбегна да отслужи правосилна пресуда.
„Затоа, нашиот апел денес е не само оставка од заев, Османи и од Димитров, туку и оставка од Бучковски од позицијата што не ја заслужува, никој во државата не смета дека тој може да биде претставник во Бугарија. Тој нема легитимитет бидејќи ниту Владата нема легитимитет“, ијави Милошоски.
Милошоски истакна дека државниот секретар на МНР рече дека се водат преговори со Бугарија, но дека не се тајни. Според Милошоски, ако не се тајни, зошто тогаш Заев, Димитров и Османи бегаат од пратениците и од Собранието како средношколци неподготвени и бегаат од часовите по математика.
„Затоа, почитувани пријатели, кога зборуваме за национални интереси, Владата треба да биде отчетна пред Собранието затоа што таму има пратеници избрани од народот“, рече тој.
Милошоски укажа дека бегањето од Собранието е само доказ дека прават нешто тајно и не им е во интерес да го објават и да чуе јавноста. „Доколку тие не дојдат во Собранието, тогаш народот ќе дојде пред Владата и пред МНР додека не си дадат оставка“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

