Црна хроника
Засилени контроли во Битола и Прилеп: 56 нерегистрирани возила, 38 возеле без возачка дозвола

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (2.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 196 возачи.
Притоа, изречени се 99 санкции во Битола, меѓу кои 25 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола.
Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои, 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица.
Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок-Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од село Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.
Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода.
Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријавил дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.