Свет
(Видео) Градоначалник од САД со приватен авион одлета на одмор, а граѓаните ги повика да останат дома
Градоначалникот на тексашкиот град Остин, Стив Едлер, одлета со приватен авион на одмор во Мексико, од каде со видеопорака ги повика граѓаните да останат дома поради пандемијата.
Во крајбрежен ресорт во Мексико, каде што престојува, тој ја снимил видеопораката во која ги повикува граѓаните на Остин да останат дома за да го спречат ширењето на коронавирусот.
„Не е време за опуштање“, порача Едлер.
Кога тоа било откриено, многумина тоа го нарекле лицемерие. Тој се оправдувал дека не прекршил ниту едно правило, бидејќи на сила не била забрана за патување.
Би-би-си пренесе како неговиот пат во Мексико го открил весниот „Статесман“ од Остин.
„Во тој период немаше препорака да не се патува. Некој би можел да го види мојот пример и да приговара дека сум патувал. Но она што не би можеле да кажат е дека сум патувал во време кога сум им зборувал на луѓето да не патуваат“, рекол Едлер за весникот.
Едлер пред неговото заминување за Мексико организирал свадбена церемонија за својата ќерка во хотел во Остин. Церемонијата се одржала на отворено, а имало 20 гости.
Тој призна дека на церемонијата маските „веројатно не биле“ носени цело време, иако им биле предадени на гости.
Следниот ден, тој со приватен авион одлета до крајбрежното одморалиште во Кабо Сан Лукас, каде тој и неговото семејство поминале една недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

