Спорт
Глупоста на Мерцедес беше скапа за Расел, прва победа по 190 трки за Серхио Перез!

Серхио Перез, мексиканскиот ветеран, конечно стигна до својата прва победа во Формула 1 кариерата по 190 старта, триумфирајќи за Рејсинг поинт на Сакир ГП во Бахреин, откако Мерцедес се „самоубија“ и го спречија Џорџ Расел да стигне до славна победа во трката во која беше само замена за Луис Хамилтон. Мексиканецот нема место за следната сезона во Формула 1, откако Рејсинг поинт (следната година како Астон Мартин) се решија да го заменат со Себастијан Фетел.
Перез на крајот заврши пред Естебан Окон во Рено, а неговиот колега Ленс Строл го освои последното место на подиумот, откако Мерцедес направија неверојатна грешка со погрешниот избор на гумите во боксот со Расел и со освојувачот на пол-позицијата Валтери Ботас. Ботас на крајот беше осми, Расел заврши на деветтото место.
Трката започна со нов инцидент во кој трката ја завршија Шарл Леклер во Ферари и Макс Ферстапен во Ред бул, иронично по контактот токму со Перез. Расел, пак, го презеде првото место од Ботас и го покажа својот неверојатен талент со оддржување на предноста, пред инцидент на неговиот тим, Вилијамс да предизвика излегување на безбедносното возило на десетина круга пред крајот.
i don’t care what anyone says, but george russell is a future world champion pic.twitter.com/CHfo9aAapk
— kit (@landocherry) December 6, 2020
Тогаш, Мерцедес направија аматерска грешка, помешувајќи ги гумите и поставувајќи му погрешен сет. Поради тоа тие го повикаа повторно во боксот и тој излезе како шести зад Ботас, оставајќи го Перез на првото место.
22-годишниот Расел, повторно покажа дека е подготвен за борба, поминувајќи ги сите пред себе (повторно Ботас) и останувајќи само зад Перез, кога имаше дупната гума и мораше уште еднаш да влезе во боксот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Затоа сите те мразат“

Натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид беше тензичен, лидерот извојува минимална победа, а двајца домашни играчи добија црвени картони.
Оној од Ален Њом, кој францускиот дефанзивец го заработи за само 37 секунди, привлече посебно внимание.
Тој го удри Винисиус во лицето, кој почна да се превиткува и на тој начин го „принуди“ судијата да го исклучи дефанзивецот на Хетафе.
Во тој момент Бразилецот се доближи до тренерот на Хетафе, Хозе Бордалас и му рече: „Добра измена, добра“.
„Не мора да дојде и да ми каже колку добро правам измени, не мора да дојде и да провоцира“, рече Бордалас по натпреварот, лут и поради црвениот картон.
„Го слушнав четвртиот судија како вели дека ќе го исклучи. Беше блиску. И се согласувам дека фаулот беше претеран. Сериозен фаул. Но, сè лесно можеше да се реши со жолт картон, бидејќи Винисиус исто така претера. Едвај го допре по лицето. Неоправдано исклучување“, рече Бордалас.
„Затоа сите те мразат. Научи нешто од своите соиграчи“, му рече играчот на Хетафе, Хуан Иглесијас, на Винисиус по црвениот картон за Алекс Санкрис само седум минути подоцна.
„Ова се работи што остануваат на теренот, но има работи што не можат да се дозволат. А кога не се покажува почит, се случуваат вакви работи“, рече Иглесијас.
Да ве потсетиме, единствениот гол го постигна Килијан Мбапе (1:0).
Спорт
Парична казна и суспензии за Ред Бул по трката во Остин

Тимот на Ред Бул беше казнет со 50.000 долари и доби неколку суспензии поради несоодветно однесување на главната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави.
Трката за титулата во Формула 1 кулминира, откако Макс Ферстапен беше најбрз во Остин.
Сепак, неговиот тим ќе мора да ги трпи последиците, бидејќи се обидоа да ја нарушат позицијата на стартната линија во неколку наврати пред почетокот на трката.
"Thank you very much everyone!" 🥹
An appreciative Max Verstappen signs off his victory with congratulations for his Red Bull team 👏#F1 #USGP pic.twitter.com/gAM64GHaEN
— Formula 1 (@F1) October 19, 2025
Имено, Мекларен сакаше да му помогне на својот возач Ландо Норис со јасно цртање каде треба да стои неговиот автомобил.
Еден од работниците на Ред Бул го забележа ова, па влезе на стартната линија потоа и се обиде да го наруши цртањето. Тој влезе на теренот откако се затвори вратата, што е казниво дело.
Ред Бул не коментираше за овој инцидент, а точната сума на суспензијата не е позната на јавноста.
Foto/ EPA
Спорт
Два нови светски рекорди поставени на Светскиот куп во САД

Американската пливачка Кејти Даглас постави светски рекорд на 100 метри слободно во базени од 25 метри со време од 50,19 секунди на Светскиот куп во Вестмонт, додека Австралијката Кејли Мекеон го собори светскиот рекорд на 200 метри грбно.
Даглас, олимписка шампионка на 200 метри градно на Олимписките игри во Париз, го освои финалето на 100 метри слободно со време од 50,19 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд од 50,25 секунди поставен од Австралијката Кејт Кемпбел во Аделаида во 2017 година.
Второто место го освои Австралијката Моли О’Калахан (51,44), која еден ден претходно на истото натпреварување исплива нов светски рекорд на 200 метри со време од 1:49,77.
Мекеон, која ги освои титулите во дисциплините на 100 и 200 метри грбно на Олимписките игри во Париз и Токио, победи во дисциплината 200 метри грбно со време од 1:57,87, поставувајќи нов светски рекорд.
Претходниот рекорд го држеше Американката Реган Смит (1:58,04), која го освои второто место со време од 1:57,91.