Спорт
Конечна разврска во групите Ф и Х, Меси го чека Роналдо на „Ноу Камп“
Вечерва, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито е на „Ноу Камп“, помеѓу Барселона и Јувентус, додека во групите Ф и Х ќе се случи конечната разврска околу екипите кои ќе се пласираат во осмина-финалето.
Барселона е лидер во Г-групата, во првиот меч во Торино, Каталонците славеа со 2:0. Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува првото соочување на Мес и Роналдо по пауза од две години. Португалецот првиот меч во Торино го пропушти поради коронавирусот.
Лацио, Дортмунд и Бриж се борат за првите две места во Ф-групата. Дортмунд се најблиску до првото место, но мора да победат кај Зенит. На Лацио му одговара и реми против Бриж, но сигурно е дека тимот на Симоне Инзаги ќе оди на победа и ќе чека кикс на Дортмунд. Бриж само со победа во Рим ќе избори осмина-финале, во спротивно ќе продолжи во Лига Европа.
Три екипи (ПСЖ, Јунајтед и Лајпциг), од Х-групата, во последното коло влегуваат со по девет бода. Најлесна задача има ПСЖ, ќе го пречкаат Башашекир. Реално е „светците“ да бидат први во оваа група, бидејќи се подобри во меѓусебните дуели со Јунајтед и Лајпциг.
Јунајтед мора да останат непоразени во Лајпциг доколку сакаат да се пласираа во осмина-финалето. Лајпциг само победа ги носи во нокаут-рундата.
Група Е:
21.00 Челси-Краснодар
21.00 Рен-Севилја
Табела: Челси 13, Севилја 10, Краснодар 4, Рен 1
Група Ф:
18.55 Лацио-Бриж
18.55 Зенит-Борусија Дортминд
Табела: Дортмунд 10, Лацио 9, Бриж 7, Зенит 1
Група Г:
21.00 Барселона-Јувентус
21.00 Динамо Киев-Ференцварош
Табела: Барселона 15, Јувентус 12, Динамо 1, Ференцварош 1
Група Х:
21.00 Лајпциг-Манчестер јунајтед
21.00 ПСЖ-Башакшехир
Табела: ПСЖ 9, Манчестер јунајтед 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дуран во 95-та минута спречи пораз на Фенербахче од Галатасарај
Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1:1 (0:1).
Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.
Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.
На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.
Foto/ EPA
Спорт
Лубослав Пенев се бори за живот
Лубослав Љубо Пенев (59) е тешко болен и се бори за живот на онколошка клиника во Германија.
Легендарниот бугарски фудбалер беше хоспитализиран минатата недела, по што беа извршени детални прегледи и резултатите воопшто не се добри. Му беше дијагностициран рак на бубрезите.
Пенев е во животно-загрозувачка состојба. Бугарските медиуми објавуваат дека ослабел, дека неговото тело е многу исцрпено и дека хемотерапијата затоа не е опција. Семејството Пенев апелираше до јавноста за помош:
„Денес, една од најголемите бугарски легенди се бори за живот. Лубослав Пенев ни даде победи, гордост и сила – сега мора да му дадеме надеж. Ве молиме, да застанеме рамо до рамо и да му подадеме рака на човекот кој никогаш не престана да дава за Бугарија“, се наведува во пораката што брзо се прошири низ Бугарија и регионот.
Ова е втор пат Пенев да се бори со подмолната болест. Во пролетта 1994 година, му беше дијагностициран рак на тестисите, поради што го пропушти Светското првенство во САД.
Лубослав Пенев ја започна својата кариера во ЦСКА од Софија, каде што доби статус на клупска легенда. Потоа играше за гиганти како Валенсија и Атлетико Мадрид.
Одигра 62 натпревари за репрезентацијата и постигна 14 гола. По завршувањето на кариерата, остана во фудбалот. Се посвети на тренерската работа и во периодот од 2009 до 2024 година раководеше со голем број бугарски клубови, три години беше селектор на репрезентацијата (2011-14), а кратко работеше и како тренер на „Б“ тимот на Валенсија.
Последниот ангажман му беше со Локомотива од Пловдив минатата година.
Фото/ ЕПА
Спорт
Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.
Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.
„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.
Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.
„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.
Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.
„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.
Foto/ EPA

