Спорт
Мурињо со „боцка“: Сега Манчестер јунајтед се фаворити во Лига Европа
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо верува дека неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед сега е „еден од главните фаворити“ за титулата од Лига Европа, откако „ѓаволите“ вчера беа елиминирани по 3:2 поразот од РБ Лајпциг.
На Јунајтед им беше потребно реми за да одат во осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа тие губеа со 3:0, пред да не успеат да се вратат во финишот на мечот. Сега, тие одат во Лига Европа, каде што може да се судрат Тотенхем.
Мурињо, кој беше прв човек на „Олд Трафорд“ од 2016 до 2018 ја освои токму Лига Европа со нив.
„Манчестер јунајтед сега стануваат еден од фаворитите за титулата во ова натпреварување. Сите кои ќе дојдат од Лигата на шампионите се силни и обично не припаѓаат на нивото од Лига Европа. Јунајтед се еден од врвните тимови. Групата беше тешка со Пари Сен-Жермен и Лајпциг. Знаевме дека нема да биде лесно за нив“, вели Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

