Спорт
Синот на милијардер и нов Ф1 возач Мазепин во скандал со непристојно „пипкање“

Рускиот возач, 21-годишниот Никита Мазепин, кој од следната сезона ќе вози во тимот на Хас Ф1 на местото на Роман Грожан, јавно се извини откако на интернет се појави видео во кое тој непристојно допира една жена на задно седиште на автомобил.
Во видеото Мазепин, кој ќе му биде колега на Мик Шумахер во американскиот тим следната сезона, седи напред на совозачкото место со девојката зад него, по што тој ја пружа раката и ја фаќа за градите. Девојката го одбива овој потег и му покажува среден прст.
Иако ова беше бргу отстрането од неговата инстаграм-страница, 23-секундниот видеоклип веднаш стана „хит“ на интернет, и Хас реагираше со соопштение.
„Не го одобруваме однесувањето на Никита Мазепин во видеото кое неодамна беше објавено на социјалните мрежи. Работата ќе се реши внатрешно во тимот и нема да има дополнителни коментари“, велат од Хас.
И Мазепин објави извинување на Инстаграм до својот тим, велејќи дека мора да се држи „до повисоки стандарди“.
Мазепин и пред Ф1 дебито го следат контроверзи, посебно бидејќи неговиот татко, милијардерот Дмитриј Мазепин, долго време бараше да купи Ф1 тим за неговиот син, а сега стана голем инвеститор во Хас Ф1. Мазепин во 2016 година доби суспензија од една трка во Ф3 шампионатот поради физичка пресметка со Англичанецот Калам Илот.
This is Nikita Mazepin…. pic.twitter.com/pHqEXtRFOX
— T❄️M (@OveratedLama) December 9, 2020
— Nikita Mazepin (@nikita_mazepin) December 9, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мекгрегор „јадеше“ брутален нокаут во втората рунда!

Дастин Поаире го шокираше Конор Мекгрегор со нокаут во втората рунда на УФЦ 257, ставајќи брутален крај на новото враќање на ирската суперѕвезда во октагонот во Абу Даби.
Во првиот меч по една година, Мекгрегор се надеваше дека со победа ќе стане главен кандидат за УФЦ појасот во лесна категорија во можен римеч со стариот ривал Хабиб Нурмагомедов, но работите не тргнаа како треба, откако Поаире го „демонтираше“ со напад во втората рунда, прво „уништувајќи“ го со силен удар со левицата, пред со бараж удари да го заврши дуелот.
Ова беше вистинска одмазда за Поаире, по поразот во првиот меч во првата рунда во 2014 година. Во првата рунда, двајцата фајтери беа многу внимателни и ја држеа дистанцата. Поаире обезбеди брзо соборување, но Мекгрегор се врати бргу на нозе. Ирецот на отворено покажа дека е одличен боксер, погодувајќи го противникот со неколку чисти удари, но во втората рунда, балансот на силите беше поинаков, пред бруталниот крај на мечот.
Поразот дефинитивно значи дека Мекгрегор може да се прости со потенцијалниот римеч со Хабиб, кој изјавуваше дека е потребно нешто спектакуларно да го врати во УФЦ. Од друга страна, Поаире сега е кандидат за појасот кој уште е кај Хабиб, и следен противник може да му е Мајкл Чендлер, кој имаше спектакуларен нокаут над Ден Хукер во првата рунда во саботата навечер.
Full sequence of Dustin Poirier’s knockout of Connor McGregor #UFC257 pic.twitter.com/E3GXoSPFxc
— George Balekji (@GeorgeBalekji) January 24, 2021
Спорт
Реал со четири гола го торпедираше Алавес

Фудбалерите на Реал Мадрид, без тренерот Џинедин Зидан, лесно го минаа гостувањето во Алавес. Реал, неочекувано лесно се справи со домаќинот, триумфот 1:4 го обезедија во првиот дел кога постигнаа три гола. Со овој триумф Реал со два натпревари повеќе има четири бода помалку од лидерот Атлетико.
Реал одиграа речиси совршено првото полувреме. Без Рамос и Карвахал во одбраната и тренерот Зидан кој е позитивен на коронавирусот, Реал во првиот дел создадоа шест шанси за гол, успеаја три пати да го совладаат Пачеко.
Серијата ја отвори Касемиро во 14. минута, а Алавес го нокаутираа Бензема и Азар, во 41 и 46.минута. Белгиецот го постигна вториот гол во Ла Лига оваа сезона.
Второто полувреме беше само формалност за Реал. Хоселу успеа да намали во 59.минута, а конечниот резултат го постави Бензема со својот втор гол во 70.минута.
Спорт
Ветеранот Хоакин му донесе бод на Бетис против Сосиедад
Реал Сосиедад и Бетис одиграа 2:2 во 20.коло, во ла Лига. Сосиедад продолжија со лошите резултати, не успеаја да победат иако до 86.минута имаа предност од 2:0. Бетис од друга страна немаа пораз од почетикот на годината.
Реал Сосиедад, во воведните десет минути од вториот гол, постигнаа два гола преку Александер Исак и Микел Ојерзабал. Потоа Порту не искористи добра шанса, а откако тренерот на Сосиедад од игра ги извади најдобрите играчи, Бетис постигна два гола.
Поранешниот играч на Сосиедад, Серхио Каналес, во 86.минута го намали резултатот, а бод на Бетис му донесе ветеранот Хоакин во 92 минута.
39-годишниот Хоакин, во 2003 година, кога Бетис последен пат победиле во Сан Себастијан, постигна два гола.
Реал Сосиедад се шести на табелата со 31 бод, Бетис на осмото место има 27.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот