Црна хроника
Три кражби во поплавените села
Во текот на вчерашниот ден, во среда, регистрирани се три кражби во поплавените села во скопскиот регион.
Едната кражба се случила на обиколницата кај Стајковци каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резервоарите на три товарни возила сопственост на „Илинден-АД“ Струга и украл 240 литри дизел гориво. Во селото Црешево од дворно место украдени биле девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, а во Економија (Сингелиќ) од дворно место украден бил мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Косовски државјанин превезувал стока без документи, полицијата го приведе
МВР информира дека вчера околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово.
При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.
Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти
Полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран денеска околу 01:00 часот го лишиле од слобода А. С. (36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик, откако претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица.
Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец.
Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгореа три автомобили во Скопје
Денеска во 02.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и две други возила, „опел “ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Р. од Скопје и возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за против пожарна Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.