Регион
Во Србија 7.393 новозаболени од коронавирус, 56 починати

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 7.393 случаи на коронавирус, а починале 56 лица.
Од последниот пресек тестирани се 21.799 лица, а од почетокот на пандемијата 1.980.277.
На апарати за дишење се приклучени 323 пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.
Вкупно 8.594 лица се во болница.
Од почетокот на пандемијата во Србија, 249.224 лица биле позитивни на коронавирус, вкупно починале 2.172, а стапката на смртност е 0,87 проценти.
Епидемиолозите во Србија најавуваат дека мерките што се временски ограничени до 15 декември може да бидат продолжени.
За време на викенд забрането е работењето на сите објекти, освен на продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хаос на улиците во Атина: Голем судир меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската станица, при што е причинета голема материјална штета, јавуваат грчките медиуми.
Судирите траеле околу еден час, а започнале откако група непознати лица наводно ја нападнале полицијата со молотови коктели и камења, по што полицијата одговорила со фрлање шок бомби, јави ЕРТ.
Според информации, полицијата уапсила 72 лица.
Грчките медиуми јавуваат дека еден полицаец е повреден.
Пожарникарите интервенирале откако избувнале пожари на автомобили и канти за ѓубре, објави Катимерини.
Регион
(Фото+видео) Заврши собирот „Не ја даваме Србија“ – Вучиќ упати пет барања

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на собирот „Не ја даваме Србија“ ги прочита барањата. Ги има вкупно пет, а Вучиќ рече дека нема да се откаже додека не се исполни секое од нив.
„Воспоставете целосно почитување на уставот и законите, гарантирајте ја безбедноста на граѓаните, институциите да се вратат на граѓаните, вклучително и РТС, клучен учесник во обоената револуција. Под два, утврдете ја правната одговорност на сите граѓани за време на мирните собири во Србија, особено во Ниш на 21 март. Под три, да им се овозможи на секој ученик и студент да се образува и студира ако сака. Под четири, да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршување на активности кои вклучуваат напади на витални државни институции и објекти и да се спречи преземање на такви активности во иднина. Под пет, да се спречи каква било активност која самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности на вообичаен начин, во согласност со јавниот ред во кој секој може да смета на фактот дека во едно демократско општество на држави, ќе ги заштитиме виталните животни интереси“, рече Вучиќ.
Говорот на Вучиќ го слушаа илјадници граѓани.
Beskrajno i veliko hvala za ovaj divni dan. Hvala svima vama sestre i braćo sa Kosova i Metohije, koji ste došli u Beograd da pokažete koliko volite Srbiju i svoj glavni grad. Hvala vama iz Republike Srpske, Crne Gore i Severne Makedonije, hvala građanima drugih delova Srbije i… pic.twitter.com/B5y330YzeZ
— Novi Beograd SNS (@SNS_NoviBeograd) April 12, 2025
Собирот е веќе завршен. Претходно, на главната сцена пред Домот на народното собрание од 13 часот настапија неколку музички групи и изведувачи. На втората сцена, на плоштадот Никола Пашиќ, настапија културно-уметнички друштва од цела Србија, а на третата сцена, кај црквата Свети Марко, беше организирана програма за деца.
Граѓаните можеа да посетат штандови за зачленување во новото движење и да одберат негово име, да остават писма за претседателот Александар Вучиќ, да добијат информации за поволните станбени кредити за млади. На штандот на Министерството за туризам и млади и Туристичката организација на Србија, можеа да добијат информации за ваучери за одмор во Србија.
Поставени беа и штандови за послужување за учесниците на собирот, како и штандови со рачни изработки на жени од сите краишта на Србија.
Тродневниот собир „Не ја даваме Србија“ започна вчера со дефиле на знамињата на Србија и локалните самоуправи.
Регион
(Видео) „Слободата владее со чаршијата“ – голем протест на српските студенти во Нови Пазар

По Нови Сад, Крагуевац, Ниш и Белград, српските студенти денеска организираат голем протест во Нови Пазар.
Собирот е под мотото „Слободата владее со чаршијата“.
Протестот трае од 11 до 23 часот.
Novi Pazar, sloboda vlada čaršijom❤️🥰🫶
Pazar je svet💥 pic.twitter.com/XfdFvYsRiS— Ferida Čustović (@BgFerida) April 12, 2025
Студентите на Државниот универзитет во Нови Пазар, кои го организираат денешниот собир, ги прочитаа барањата и одржаа 17-минутна тишина поради 16 жртви на надстрешницата во Нов Сад и загинатиот млад човек од Нови Пазар, кој загина пред неколку години кога го удри автомобил, но сите детали за таа несреќа сè уште не се разјаснети.
Novi Pazar ❤️❤️❤️
pic.twitter.com/eyS9tibLUs— ZEKKI🇷🇸 (@ZekiPejic) April 12, 2025
На повик на студентите од Нови пазар, во знак на поддршка се собраа и граѓани во Ниш.