Спорт
Погба заминува во јануари – Манчестер јунајтед ја одредиле цената

Менаџерот на Пол Погба, Мино Рајола, пред неколку дена, изјави дека неговиот клиент ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Англиските медиуми, во четвртокот, тврдат дека Јунајтед ќе се обидат да го продадат Погба во јануарскиот преоден рок.
Пол Погба во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ од Јувентус. Јунајтед за неговиот трансфер платија 105 милиони евра. Во својот втор мандат Погба не ги исполни очекувањата.
Проектиран да биде лидер на „црвените ѓаволи“, тој четири години се мачи со повредите и формата.
Според англиските медиуми Јунајтед за Погба бараат 55 милиони евра.
Францускиот репрезентативец во минатото се поврзуваше со Реал Мадрид, а наводно за него се заинтересирани Јувентус и ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елшник ја напушта Црвена звезда, се сели во Турција

Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда.
Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“.
Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои играчи да ја напуштат „Маракана“.
Елшник дојде во Звезда минатото лето од Олимпија Љубљана за 1.500.000 евра, беше стандарден првотимец во тимот на тренерот Владан Милојевиќ и остави многу добар впечаток во црвено-белиот дрес.
Звезда уште порано ја најде замената на Елшник во ликот на Гамбиецот Махмуду Баѓо, кој дојде од словачката Дунајска Стреда за 3.500.000 евра, а тука се и младите играчи од клупската академија Васлије Костов и Јован Шљивиќ.
Од претходно беше познато дека напаѓачот Ндиаје за сума од 8 до 10.000.000 евра се сели во Обединетите Арапски Емирати, а десниот бек Сеол за 5.500.000 ќе замине во Шефилд Венздеј.
Спорт
Вардар во Струмица ќе му гостува на Шкупи

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра утре, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Шкупи ја избра Струмица како алтернативен терен за настап во четвртото коло, откако претходно ФФМ објави дека стадионот Чаир сѐ уште не ги задоволува стандардите за ВАР и за организација на натпревар од ПМФЛ.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот“, објавија од ФФМ.
Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.