Контакт

Црна хроника

Другари од затвор го ограбија возилото на „Стопанска банка“ – Битола

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во понеделникот соопшти дека го расветли грабежот на возилото на Стопанска банка А.Д. Битола кога беа украдени 450 илјади евра

dobivaj vesti na viber

МВР соопшти дека пронајдени се двајцата извршители кои под закана со огнено оружје одзедоа околу 450 илјади евра од службеното возило на Стопанска банка А.Д. Битола, на излезот од Прилеп. Против сторителите, Жарко Николоски (40) од Скопје и Марјан Трајкоски – Клун (49) од прилепското село Дуње, поднесена  е кривична пријава, за сторено “разбојништво“.На пријавениот Ж.Н. истражен судија веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Во меѓувреме, припадниците на МВР го лоцираа и приведоа и второпријавениот М.Т. кому исто така, истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува МВР.Во моментов приведени се и уште неколку други лица за коишто постојат индиции дека биле логистика односно помагачи во планирањето на кривичното дело или во обидот за прикривање на трагите, и доколку се утврди инволвираност во делото ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Сторителите се познавале од одлежување казна затвор во КПУ Идризово и подолго време го планирале разбојништвото. Кога двајца вработени во банката со службеното возило “голф“ од трезорот во Прилеп, подигнале четири кутии со пари – вкупно 27.000.000 денари во апоени од 500 и 1.000 денари, во петокот, се упатиле кон Битола.

Но, кај клучката на самиот излез од Битола пријавените го попречиле патот со нивното возило.

Двајцата службеници биле принудени поради попреченоста на патот да застанат со возилото, при што првопријавениот Ж.Н. држејќи пиштол во рака испукал еден куршум во воздух, дошол до возачот на службеното возило, и под закана дека ќе го убие, го истргал од возилото и го удрил со пиштол по главата нанесувајќи му телесна повреда.

По ова Николоски влегол во возилото и заканувајќи му се на вториот службеник го истерал од возилото и со возилото го напуштил местото следен од “рено кампус“.

Тие се упатиле по магистралниот пат за Скопје, свртеле во лево од патот по улицата “Круме Беќар“, каде што за кусо застанале ги извадиле кутиите со пари кои ги префрлиле во другото возило и се упатиле во непознат правец.

По преземените активности МВР го пронајде возилото во домот на Трајкоски уште истиот ден, пребојадисано во црвено, но пријавениот не е пронајден дома.

Набргу потоа, во Скопје, приведен е првопријавениот Николоски кај кого се пронајдени 68 илјади денари во апоени од по илјада денари, како и потврда, каса-прими, на негово име на сума од 10 илјади денари за исплатен долг од кредит.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Поради СМС порака за лажна пратка од „Пошта“, гостиварец останал без 89.106 денари

Објавено пред

Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на интернет измама, при што 34-годишен жител на овој град останал без над 89 илјади денари.

dobivaj vesti na viber

Како што информира полицијата, на 16 јануари С.А. (34) пријавил дека добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако влегол на лажна веб-страница и ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции.

Според пријавеното, од сметката на оштетениот биле повлечени вкупно 89.106 денари, кои завршиле кај примач во странство.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични и банкарски податоци на сомнителни линкови.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец ги нападнал сопругата и ќерката, друг на жената и’ ги скршил телефонот и автомобилот – пријавени случаи на семејно насилство

Објавено пред

Во полицијата во Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои МВР презема мерки за нивно целосно расчистување.

dobivaj vesti na viber

Првиот случај е пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и ѝ упатувал закани со остар предмет. Претходно, како што е пријавено, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вториот случај е пријавен на 16 јануари 2026 година во 09:20 часот, кога 45-годишна жена од скопско пријавила дека во претходните денови повеќепати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48). При нападите, тој ѝ го оштетил и мобилниот телефон, како и нејзиното патничко возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди

Објавено пред

Вчера во утринските часови на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак се здоби со тешки повреди.

dobivaj vesti na viber

Патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Д.П. од Скопје, удрило во 48-годишната Р.Д., исто така од Скопје.

Од силината на ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот бил извршен увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Свет11 часа

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет14 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија18 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија18 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ20 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија22 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет24 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 ден

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија2 дена

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ2 дена

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...