Црна хроника
Кривична пријава за двајца адвокати од Скопје

МВР поднесе кривична пријава против Ратко.Б (62) и Благица.А. (51) и двајцата адвокати од Скопје за противзаконско посредување
Минатата година пријавените на прилепчанка и побарале 20.000 евра за да го застапуваат пред судот нејзиниот брат, против кого се водела кривична постапка за убиство и кражба. За сумата од 20 илјади евра адвокатите требало да издејствуваат ослободителна пресуда, но делото било преквалификувано во разбојништво.Тогаш, двајцата адвокати, износот го намалиле на 14.000 евра.Оштетената, на 11 јуни мината година и дала 5.000 евра на адвокатката, кои требало да и бидат вратени ако не се издејствува намалување на казната.На една од наредните средби, адвокатката и вратила 3.5000 евра на оштетената, а останатите ги задржала за подмирување на адвокатски услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.
Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Притвор за двајца скопјани – пронајдени оружје и муниција при претреси

Двајца скопјани, И.Х. (33) и С.А. (23), добија кривични пријави за неовластено поседување оружје и муниција, информира МВР.
При претреси во нивните домови биле пронајдени пиштоли, рамки, куршуми и други делови за огнено оружје.
Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило

Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.