Контакт

Книги

Промовирана „Енциклопедијата на ВМРО 1893-1934“

Објавено пред

„Енциклопедијата на ВМРО (1893-1934)“, на која се работело две години, беше промовирана во петок, а предмет на научен интерес не биле само личностите од организацијата, туку и најважните случувањата организирани од нејзина страна.
 

dobivaj vesti na viber

„Енциклопедијата на ВМРО (1893-1934)“, на која се работело две години, беше промовирана во петок, а предмет на научен интерес не биле само личностите од организацијата, туку и најважните случувањата организирани од нејзина страна.

 

„Енциклопедијата на ВМРО (1893-1934)“, според промоторот професорката Виолета Ачковска, е резултат на истрајна работа, споредување на документи, одговор на тоа што е направено за македонскиот народ и истото да остане запаметено.Премиерот Никола Груевски, присуствуваше на промоцијата и рече дека буквите на ВМРО се имаат трајно врежано во колективното паметење на народот како историски континуитет на борбата за создавање на самостојна македонска држава.„Ова дело е прво од ваков облик и на оваа тема во нашата држава. Истото се наметна како научна неопходност во македонската историографија. Во оваа енциклопедија на едно место се собрани голем број познати и досега непонати податоци, информации, монографии, голем труд на македонските историчари збогатени со многу фотографии,“ рече Груевски.Според професорот Никола Жежов  кој е главен редактор на Енциклопедијата, македонската историографија досега не го обработувала овој тематски дел од македонската историја во ваков формат. „Главна причина според мене се сè почестите негирања на делови од македонската историја од некои балкански историографии и обидите да ги прикажат истите како делови од нивните истории. Не смееме да дозволиме со нашата незаинтересираност кон одредени теми други историографии да посегнуват кон нив и ние да се откажуваме од тоа што е македонска историја“, вели Жежов.Енциклопедијата „ВМРО 1893-1924 година“, истакна министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, претставува импозантна слика на македонската борба за зачувување на македонското име, идентитет, национално ослободување и создавање на независна држава.„Авторите свесно и аргументирано сакаат да предочат дека постои дистинкција на македонското револуционерно движење од политичките тенденции на балканските држави и дека организацијата ВМРО има автохтон, македонски карактер. Композицијата на текстот на одредниците во енциклопедијата не сугерира или не поттикнува полемика за личностите или настаните кои се опишуваат затоа што авторите посочуваат проверени историски податоци“, изјави министерката за култура Канческа-Милевска.Со Екциклопедијата се заокружува едицијата на монографии и книги кои се издадени во изминатиот период, а кои обработуваат значајни личности и дејци од македонското револуционерно движење. Енциклопедијата е во издание на „Матица“./крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија12 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија13 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија14 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија14 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет15 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет16 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија19 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија19 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...