Македонија
Нови 982 заболени и 19 починати од коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2805 тестирања, а регистрирани се 982 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од: Скопје-176, Куманово-23, Штип-31, Прилеп-32, Тетово-48, Струга-1, Велес-26, Битола-30, Кавадарци-21, Гостивар-63, Гевгелија-12, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-5, Кочани-9, Пробиштип-7, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-1, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-7 и Неготино-11.
Починати се 19 лица, четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73025, бројката на оздравени пациенти е 48726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22203. Од вчера се евидентитра еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 31554, активни 11425
• Куманово 4231, активни 661
• Дебар 547, активни 153
• Штип 3045, активни 485
• Прилеп 3643, активни 964
• Тетово 4367, активни 998
• Струга 1763, активни 458
• Велес 2418, активни 692
• Битола 2630, активни 911
• Охрид 2016, активни 620
• Кавадарци 1659, активни 626
• Гостивар 3054, активни 845
• Гевгелија 926, активни 282 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1994, активни 579
• Крива Паланка 519, активни 125
• Радовиш 512, активни 132
• Крушево 152, активни 74
• Кочани 1416, активни 261
• Пробиштип 402, активни 66
• Демир Хисар 218, активни 55
• Македонски Брод 196, активни 37
• Пехчево 119, активни 23
• Берово 441, активни 95
• Валандово 253, активни 60
• Виница 417, активни 125
• Делчево 598, активни 287 (169 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 172, активни 27
• Свети Николе 968, активни 205
• Кичево 1437, активни 381
• Ресен 556, активни 187
• Неготино 802, активни 364 (122 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2805 теста се преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-311, Биотек-257, МАНУ -213, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-9, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -862, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 363.021 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Татко пријавил дека наставник го нападнал неговиот син во училишна сала
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото училиште.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Македонија
Во сабота протестен марш „Стоп за Усје“
Во сабота, на 31.01.2026 година, во 12:00 часот, „Стоп за Усје“ излегува на протестен марш кој ќе почне пред Владата, ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Ги повикуваме сите граѓани, кои сакаат да се изборат за правото на чист воздух, да се приклучат на овој марш. Меѓу другото ги повикуваме институциите будно да ја следат состојбата и бурно да реагираат, бидејќи ниту еден профит не е поважен од животот на граѓаните! „Стоп за Усје“ веќе ги испрати своите барања до низа институции, но никој од нив не се одважи да даде било каков одговор. Затоа, одговорите ќе ги бараме повторно на улица“, се вели во најавата.
Од „Стоп за Усје“ потсетуваат дека на протестите се забранети партиска промоција и симболи, а истовремено апелираат на мирен протест, без насилство и говор на омраза.
„Повикуваме на масовност за сите заедно да кажеме СТОП за труењето од УСЈЕ кое нè засега сите. Сакаме да нагласиме дека ниту една лага и манипулација од Усје и надлежните, кои со сите сили се обидуваат да го одбранат неодбранливото, нема да помине и дека сè додека нè уверуваат во бројки од мерењата кои ги прави самата фабрика, отпорот нема да се смири! Се гледаме во сабота, за да покажеме дека гласот на граѓаните е поважен и посилен отколку нечии бизнис интереси!“, пишува во најавата.
Македонија
Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме
Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот што имаше цела измината година, дека Владата ќе поддржи договор меѓу работниците и работодавачите.
„Секој има право да си протестира. Ние минималната плата, согласно Закон, ќе ја зголемиме во март месец односно согласно платите што ќе ги добијат работниците во април, платата ќе биде зголемена. Ние рековме секое решение што ќе го постигнат во тој бипартитен дијалог синдикатите со работодавачите, ќе го поддржиме“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара.
По повеќе од една година неуспешни обиди за договор со работодавачите и Владата за зголемување на минималната плата, ССМ за утре најави голем работнички протест преку кој бара зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра на сите останати плати оти со законското зголемување во март минималната плата ќе се зголеми само за околу 25 евра.

