Македонија
Заврши гласањето на затвореници, болни и изнемоштени во Штип и Пласница
Државната изборна комисија соопшти дека во текот на денешниот ден за Предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и болните и немоќните лица од наведените општини.
„ На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас.
Во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.
Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.
Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип од кои 1 гласач го оствари своето право на глас“ се вели во извештајот од ДИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

